„Oldschool“ хитови кои ТикТок ги врати: „Smile“, „Dreams“ и еден од Бритни Спирс

„Oldschool“ хитови кои ТикТок ги врати: „Smile“, „Dreams“ и еден од Бритни Спирс

Објавена во: Stars // Музика

Откако ги слушнаа на ТикТок, сега сите повторно танцуваат на песни од Бритни Спирс, Fleetwood Mac и други познати уметници. Специјален „кам-бек“ доживеа „Dreams“ на рок-групата Fleetwood Mac...

Откако ТикТокерот Нејтан Аподака сними видео на кое се вози на скејт, додека пие ладен чај и мрмори заедно со песната „Dreams“, сите повторно масовно почнаа да ја слушаат групата Fleetwood Mac. Неговото видео за таа песна денес има повеќе од 80 милиони прегледи, а песната на британско-американската рок-група што жареше и палеше во 60-тите и 70-тите години на минатиот век се врати на тронот. Оттогаш, песната има уште милион прегледи на Јутјуб. Вкупно околу 200 милиони. 


Но, оваа песна не е единствениот „Oldschool“ хит кој повторно се слуша благодарение на ТикТок. Веќе малку заборавената британска поп принцеза, Лили Ален, имаше неколку сериозни хитови во 2000-тите. Сите ги пееја нејзините песни „Smile“, „Not Fair“ и „F You“, и иако таа е активна и денес, ова се песните кои и понатаму и се омилени. Токму песната „Smile“ повторно ја прослави ТикТокерот Зак Џот, кој танцуваше на неа и собра неколку милиони прегледи. Нејзината песна, пак, доби уште околу илјада дуети на ТикТок, а на Јутјуб сега е официјално нејзино најслушано музичко парче. Има повеќе од 105 милиони прегледи.


ТикТок ја „врати“ и американската поп принцеза, Бритни Спирс. Во последно време за неа се пишуваше во контекст на документарниот филм „Freaming Britney“, кој ја откри мрачната тајна на животот на една од најпопуларните пејачки во светот. Бритни ја обожуваа кон крајот на 90-тите и 2000-тите, нејзините хитови „Baby One More Time“, „Oops ...“ и „Toxic“ ги знаеја сите, а уште еден нејзин хит денес вратија ТикТокерите. Во необичниот предизвик на ТикТок „направи фотка од полициска станица“, илјадници корисници се снимаа со нејзиниот хит „Criminal“ од 2011 година. Тоа е всушност референца на движењето #freeBritney и мистеријата зад животот на познатата пејачка. Таа веќе десет години живее во заробеништво, според горенаведениот документарец. Нема пристап до сопствените финансии ниту има право да излезе во јавноста без да биде придружувана од нејзиниот татко Џејми Спирс. И поради овој предизвик на ТикТок, уште повеќе луѓе зборуваат за тоа...


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: