Оливија Родридо никогаш поискрена: Јас сум како и секој друг тинејџер кој го наоѓа својот пат
Новата пејачка во подем, Оливија Родриго, која преку ноќ се прослави со својот хит „Drivers Licence“ исто така имаше и неколку главни улоги за каналот Дизни. Имено, таа глумеше во ТВ сериите како „The High School Musical: The Musical: The Series“, „Dizaardvark“, како и во филмот на Universal Pictures „American Girl: Grace Stirs Up Success“. Иако не се прослави многу по овие улоги, многумина би помислиле дека популарноста ќе ѝ се удри од глава. Оливија во новото интервју откри колку се труди за да остане рационална и покрај сѐ.
18 - годишната пејачка Оливија Родриго, за мајското издание на „Elle“ кажа дека се труди да остане реална кон своите обожавателите за да би можеле да се пронајдат во неа. „Без оглед дали тоа се гледа во мојата мода, песните или на моите социјални мрежи сакам да бидат во фазон 'Еј, ова сум јас. Некогаш сум многу чудна, а некогаш сум усогласена и нормална'“ - откри таа.
„Постои нешто толку моќно во тоа што сум ранлива и отворена и да можам да кажам, 'Ова е мој живот и тажна сум.' или 'Несигурна сум...'. Тоа е она што пишувањето на песни го прави единствено“ - додаде Оливија и кажа дека отвореноста со обожавателите е она што нивниот однос го прави толку посебен. „Мојата мајка би кажала, 'Врескањето и викањето и сите тие гротескни работи, тоа се емоции. Тоа ме вози. Тоа е поентата на музиката.' Секогаш го знаев тоа: Поентата е музиката да ве придвижи“ - истакна.
Оливија исто така забележила дека, иако на почетокот имала проблеми со пишувањето песни, со текот на времето напредувала откако поминала низ часовите по клавир кои не ги сакала. „Сфатив дека пишувањето песни е нешто што луѓето го прават, а тоа е занает. Пишувањето ми помогна да го пронајдам она што го сакам кај себе и кај својата уметност. Претпоставувам дека само сакам сето тоа да биде без напор“ - заврши пејачката.