Оливија Родриго никогаш поискрена: Животот ми се промени преку ноќ
Она што секоја млада ѕвезда го посакува и се случи на Оливија Родриго - таа се прослави преку ноќ благодарение на личната и емотивна балада „drivers license“, што е уште почуден феномен, затоа што почесто брзите и заразни песни кои едноставно експлодираат на топ листите добиваат популарност. Оливија експлодираше благодарение на нејзините сурови емоции, а за да и бидат работите уште подобри, таа беше поддржана од Тејлор Свифт, нејзиниот идол од детството и тинејџерските денови! Оливија има среќа, и таа е свесна за тоа, па за својот нов живот зборуваше за „Nylon“!
Оливија вели дека е свесна дека нејзиниот живот станал ролеркостер преку ноќ! „Мојот живот се смени преку ноќ, за толку кратко време. Како и да е, некако, сè на сè, мојот ден е ист, јас сè уште пишувам дневник во мојата соба, пишувам песни и си ги извршувам домашните задачи“ - открива Оливија, која за само неколку дена полни 18 години, којае сè уште е средношколка!
Оливија припаѓа на генерацијата која растеше со Тејлор Свифт, затоа што деновите од детството, Оливија ги поминала слушајќи ја „Picture to Burn“ и други хитови на Свифт. „Тој коментар што го остави на мојот пост беше луд, јас никогаш не сум врескала така“ - вели Оливија за моментот кога Тејлор одговорила на нејзиниот пост за песната.
„drivers license“ е, како музиката на Тејлор - повеќе дневник отколку поп-песна. „Оваа недела ја добив возачката дозвола, не е само стих, туку е начинот на кој јас нормално ги отворам страниците на дневникот. Така седнав и напишав песна на пијано и за половина час ја имав првата строфа. Таа излезе од моето срце“ - се присетува Оливија.
Имаше неколку контроверзии околу „drivers license“ дека пејачката „започнала војна“ со Сабрина Карпентер, која на нејзината песна одговори со песната „Skin“. Сепак, Сабрина исто така рече дека нејзината песна нема намера да ја загрози онаа на Оливија и дека нема да ја понижува помладата колешка, туку ќе ја поддржува со целото свое срце. Значи, навистина нема војна!