Омилениот детски серијал се враќа на малите екрани: Наскоро на Нетфликс ќе може да ги гледате новите епизоди од „Телетабиси“

Омилениот детски серијал се враќа на малите екрани: Наскоро на Нетфликс ќе може да ги гледате новите епизоди од „Телетабиси“

Објавена во: Stars // Филм

Серијалот пристигнува следниот месец...

Новите епизоди од „Телетабиси“ наскоро би требало да бидат прикажани на Нетфликс, а објавен е и првиот трејлер од омилениот детски серијал. 


Тинки Винки, Дипси, Ла-Ла и По се вратија и скокаат по бујните зелени ридови на нивниот дом, а може да се видат и познатото ведро сино небо и сонце во облик на бебе.

На социјалните мрежи веќе се пишува дека новите „Телетаписи“ ќе вратат многу луѓе во детството.

Серијата на Нетфликс ќе пристигне следниот месец, пишува „CDM“.

Во новите епизоди наратор ќе биде актерот Титус Берџес.

Рејчел Бенарт, Ребека Хајланд, Ник Келингтон и Џеремаја Краге ги носеа костимите на Телетабисите.

Водителка на сегментот „Tummy Tales“ ќе биде Јулија Пуло.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: