Омилениот крој фармерки на Анастасија Ражнатовиќ: Ги носи дење и ноќе, а ги комбинира скоро со сè
Анастасија Ражнатовиќ без сомнеж е една од најдобро облечените млади девојки на балканската сцена, а овие фаркмерки ѝ се едни од омилените, бидејќи успева да ги искомбинира со сè.
И додека низ многуте модни едиторијани ни покажа дека одлично ги износува различните стилови, Анастасија Ражнатовиќ најдобро се чувствува во тренди изданија, а тоа се секако и овие ѕвонести фармерки.
Оваа млада пејачка уште од раѓање е навикната да живее под лупата на јавноста, па поради тоа, како и многу познати лица, поголемиот дел од времето е скоцкана од глава до петици, стилизирана и „подготвена за камерите“.
Иако ги следи трендовите, кои денес сè повеќе се насочени кон удобноста и спортскиот стил, Анастасија најчесто ги одбира оние кои ја истакнуваат нејзината женственост и сексапил, па најчесто на социјалните мрежи може да видиме дека споделува такви фотографии.
Така и овој пат се пофали со издание кое тешко дека некој би го искритикувал. Имено, станува збор за фармерки изработени од темен тексас, кои веќе ги носеше неколку пати, со детаљ кој го обожува - подвиткани ѕвонести ногавици.
Со нив го искомбинира и портокаловиот кроп топ, како и чевлите на високи потпетици со златни циркони, какви што има и нејзината чанта.
Дека овие фармерки се вклопуваат во многубројни модни парчиња, говорат и нејзините комбинации резервирани и за дневни, но и вечерни прилики.
Во продолжение погледнете ги сите комбинации кои ги направи со овие фармерки: