Омилениот зимски дезен е повторно во мода: Совршено се вклопува со основните модни парчиња

Омилениот зимски дезен е повторно во мода: Совршено се вклопува со основните модни парчиња

Објавена во: Мода // In and Out

Секоја кул девојка го носи...

Од сезона кога во колекциите на модните куќи, дизајнери и брендови владее едноставност од неутрални тонови до разиграните пастелни и светли тонови на кои често им се враќаме за време на пролетта и летото, боите се еден од најмоќните елементи во модниот свет, бидејќи освен што се важен дел од секоја модна комбинација и моден додаток, во нив се крие и почеоткот на најголемите трендови за секоја сезона.

Еден од нив е тренди дезенот кој добро стои во зимските денови. Секако, станува збор за карираниот дезен.

Карираниот дезен своето постојано место на модната сцена си го обезбеди во широките фанелни кошули, класичниот тартан и гингам. Заштитниот дезен од гранџ и рокенрол стиловите, кои сме навикнати да го комбинираме со кожена јакна, црна боја и разбушавена коса, оваа зима се враќа во нашите плакари во класични и женствени, ретро и тренди модели.

Истовремето класичен и модерен, едноставен и ефектен, карираниот дезен уште еднаш се истакна како совршен избор за секој зимски моден фаворит - од романтични креации до парчиња инспирирани од машкиот плакар. Освен разновидноста која ќе ја понуди во големиот број различни модели, карираниот дезен во студените сезони носи и разновидност и кога станува збор за боите. Со едноставниот и класичен изглед кој го создаваат линиите во неутрални бои, карираниот дезен оваа зима можеме да го најдеме во светли и пастелни бои.

Освен во комбинација со различни кроеви и раскошната есенска палета со бои, карираниот дезен, својата сестраност ќе ја потврди и во комбинациите со различни текстури. Од сатен и свила, преку плетива, фармерки и кожа, карираниот дезен ќе биде непогрешлив избор.

Во продолжение погледнете некои „street style“ фотографии во кои разни инфлуенсерки го носат овој дезен на необичен начин:






фото: Инстаграм

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: