Омиленото семејство од Спрингфилд се враќа на големите платна: Се снима втор дел на Симпсонови!

Омиленото семејство од Спрингфилд се враќа на големите платна: Се снима втор дел на Симпсонови!

Објавена во: Stars // Филм

Креаторот на „Симпсонови“, Мет Грунинг најави дека по успешниот прв дел на филмот од 2007 година, ќе се снима продолжение на филмот за популарното семејство Спрингфилд. Ја искористи оваа можност на обожавателите да им соопшти дека спојувањето на продукцијата на Фокс со Дизни нема да влијае на новото продолжение.

„Нема сомнеж дека ќе има втор дел на филмот за Симпсонови. Дизни ќе сака нешто за своите пари“ - рече тој.

За потсетување првиот дел за кратко време доживеа голема популарност, па заработи 29.1 милион долари само за првиот ден од прикажувањето во Америка и со тоа се искачи на 18 место по заработка за време на првиот ден од емитувањето.

Додека да излезе новиот трејлер за продолжението на овој филм, кој дефинитиво руши рекорди, потсетете се на трејлерот за првиот дел.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: