„Омразената“ манекенка во 7-от месец од бременоста прошета во „гол“ комбинезон: Ваква досега не сме ја виделе
Не сме навикнати да ја гледаме во вакви изданија
Иако навикнавме да ја гледаме Хејли Бибер во опуштени парчиња, како кратки широки кошули, предимензионирани блејзери и широки панталони, таа очигледно решила да го следи стилот на нејзините познати пријатели во поодмината бременост.
Сопругата на Џастин Бибер, која беше прогласена за „најомразена личност на интернет“, облече проѕирен црн комбинезон од тантела и ги истакна своите облини, но и трудничкиот стомак кој расте од месец во месец. Таа привлече големо внимание кон себе со оваа смела облека, а нејзината пријателка Кендал Џенер носеше слична облека за време на нејзината бременост во 2021 година.
Смелиот комбинезон го искомбинирала со високи црни потпетици и предимензиониран кожен капут, а изгледот го комплетирала со мала црна чанта и црни овални очила за сонце.
Новите фотографии на познатиот модел и инфлуенсер покажуваат дека нејзиниот стил се менува во текот на бременоста, па останува да видиме со што ќе не изненади следниот пат.
Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot