Она кога е март 2021, а март 2020 никогаш не престанал: Твитерџиите „одбележаа“ една година од почетокот на пандемијата

Она кога е март 2021, а март 2020 никогаш не престанал: Твитерџиите „одбележаа“ една година од почетокот на пандемијата

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

И кога е тешко, насмеј се...

Помина една година од почетокот на пандемијата, а додека многумина се во филмот „се смеам, а би плачел“, тука се и оние другите кои се потрудија за на урнебесен начин да го прикажат своето видување на целата ситуација.

Секако, во тоа како и секогаш водат Твитерџиите, па така Интернетот е преплавен со брилијантни фотомонтажи, мемиња и слични содржини.

Се разбира, сè е полесно кога смеењето е вклучено, а понекогаш се чини дека животот каков што го знаевме е далеку во минатото. И навистина, на почетокот на минатата година живеевме безгрижно, а кога станува збор за Корона, единствената асоцијација на тоа ни беше беше пивото.

Кој би помислил дека само неколку месеци подоцна ќе следи целосно „заклучување“, неизвесност и страв? Сега, една година подоцна, секојдневниот живот е скоро незамислив без маски, а крајот на сè, за жал, сè уште не е на повидок.

Сепак, не заборавајте дека ова ќе помине еден ден, и додека не дојде тој момент, барем можеме да се смееме. Понекогаш е тешко, дури и невозможно, но запомнете дека мора да најдете некоја алтернатива за сите негативни работи на кои сме изложени секој ден.

Затоа ви ги издвоивме најдобрите трикови на социјалните мрежи. И „среќна“ годишнина на сите! Нека не се повтори ова никогаш повеќе!

# Значи, само ќе му дозволиме на март да се врати по минатогодишното однесување?


# Јас и моите социјални вештини во март 2020 vs. март 2021.


# Кога ќе се разбудиш и ќе сфатиш дека повторно ќе го преживееш истиот ден во кој си се заглавил во март 2020.

# Март 2021: Сè е исто како во март 2020 година... единствената разлика е во тоа што сега имаме тоалетна хартија.


# Почетокот на карантинот и крајот на карантинот.

COVID-19 lbs from r/dankmemes

# Јас и моето ментално здравје - март 2020 и март 2021.

# 1 март 2020 година и 1 март 2021 година.

# А, ми кажаа дека 2021 ќе биде поинаква.

# Моја дневна рутина од март 2020.

# И наградата за работник на месецот заминува... (кај црниот дроб, се знае).

# Моите уши кои се обидуваат да држат две маски, очила, слушалки и слатки обетки.

# Јас кога се обидувам да се сетам кога последен пат сум облекла градник и нормална облека...

# Кога некој ќе ме праша што правев овој викенд. 

# Кога март 2021 никогаш не престана да биде март 2020.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: