Она кога Ким Кардашијан ти е мајка: Норт Вест ја покажа својата колекција дизајнерски чанти

Она кога Ким Кардашијан ти е мајка: Норт Вест ја покажа својата колекција дизајнерски чанти

Објавена во: Совети // Семејство

И ти ќе бидеш малку љубоморна на Норт...

Има само 8 години, а веќе има толку дизајнерски чанти, колку што ние ќе немаме за цел живот. Ќерката на Ким Кардашијан воодушевува со своите видеа кои ги објавува на ТикТок, бидејќи тоа е оној поглед „зад сцената“ во светот на Кардашијанс, кој обожавателите навистина го сакаат.

Волку чанти малку кој од нас има, а за дизајнерски да не правиме муабет. Доколку цел живот собираме, прашање е дали би имале волку колку што има Норт за само 8 години. Норт стана вистинска ТикТокерка. Редовно споделува видеа од својот живот и животот на своето семејството, а обожавателите на Кардашијанс се апсолутно воодушевени. Нејзините видеа се токму она што го сакаат, поглед во животот на Кардашијанс, токму таков каков што е. Едно од последните видеа, кое се шири на Интернет е кога ја покажа својата колекција со дизајнерски чанти. Секоја девојка која е луда за чанти, сега ќе биде љубоморна на 8-годишното девојче.

Од „Фенди“ чанти до „Луј Витон“ и „Диор“, Норт ги има сите дизајнери. Секако, со оглед на тоа дека станува збор за девојче, чантите се направени за нејзина возраст. Тка што има дијамантска пица чанта, чанта во облик на кочијата на Пепелашка, мече чанта...

Цените на тие чанти кои се во необични облици се движат од 5.000 долари, па и повеќе. Обожавателите забележала дека има и „Биркин“ чанта, чија цена е неколку десетици илјади долари. Иако ова никако не е типично за толку мало девојче, Норт сепак е ќерка на Ким Кардашијан и сигурно добар дел од својата колекција го добила како подарок од самите дизајнери. Некогаш изгледа како воопшто да не е лошо да се биде дел од најпознатото семејство на светот. Иако видеото е избришано од ТикТок, тоа уште кружи на страниците на Инстаграм.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: