Она што сите го чекавте: Сите шик парчиња од Fashion Group на намалување до -50%!
Во пресрет на најубавите празници од годината, од денеска, 05-ти јануари, стартува големото сезонско намалување на сите ваши омилени парчиња од брендовите на Fashion Group кои само сега, ги добивате намалени до -50%.
Традиционално, со почетокот на новата година, започнуваат и големите намалувања во нашите брендови, период што знаеме дека сите едвај го чекавте и период кога за многу помалку, ќе добиете повеќе.
Секогаш во чекор со трендовите, колекциите на брендовите на Fashion Group отсекогаш биле едни од омилените, нудејќи супер тренди модели, но и вистински класици совршени за секојдневно збогатување на комбинациите.
Дел од тие парчиња, од денеска можете да ги добиете за половина цена, па не двоумете се доколку сè уште не го купивте омилениот капут, фустан, џемпер или чизми како ултимативни парчиња што секоја дама треба да ги има во плакарот.
Истото важи за момците кои од денеска можат да си ги набават сите оние дуксери во кои ќе ги поминат новите авантури, но и класичните парчиња со кои ќе бидат највпечатливите во канцеларија.
Покрај основните, но секогаш толку удобни модели што ќе ги носите со години, ова е совршен период да си ги набавите сите оние романтични парчиња со кои ќе блеснете во пролетта што доаѓа.
Сега е вистинскиот момент да го освежите плакарот и да го подготвите за најубавото годишно време во кое ќе уживаме за многу пократок период одошто мислите.
Ваквите намалувања се сосема соодветни и да си ги набавите омилените модни додатоци како чантата на која секогаш и се враќавте, шапката со која ќе уживате во топлите денови што следат, но и целиот оној накит со кој си ги замисливте пролетните комбинации.
Сега е вистинскиот момент да ја погледнете https://bit.ly/2JJxP9q и понудата на најслаткиот бренд Okaidi каде ве очекуваат исклучителни парчиња направени од најубавите материјали за вашите најмили на намалување до -50% и на совршен начин да ја заокружите зимската сезона.
Целата понуда од намалувањето ја гледате на следниов линк https://bit.ly/38YpBTG , но и во продавниците на нашите брендови.
* ПР-текст