Онлајн настан на младинската иницијатива SpeakOut: “Одржување на менталното здравје кај младите и нивно активно вклучување во општеството”

Онлајн настан на младинската иницијатива SpeakOut: “Одржување на менталното здравје кај младите и нивно активно вклучување во општеството”

Објавена во: После „Школо“ // PR

 На 25.07 (сабота) во 15:00 часот ќе се оддржи онлајн настан во живо по повод лансирањето на долгоочекувана мобилна апликација ,,SpeakOut’. Мобилната апликација претставува слободна и безбедна дигитална платформа за сите млади во земјата на возраст од 14 до 21 година кои сакаат целосно анонимно и без страв од предрасуди да зборуваат за менталното здравје. 

На овој едночасовен онлајн настан тимот на SpeakOut составен од млади еднтузијасти за ментално здравје заедно со вас ќе дискутира за важноста на доверувањето, давањето меѓусебна поддршка и активното вклучување на младите во општеството како двигатели на промената. Дел од овој настан ќе бидат и тројца специјални гости: Бојана Стојменовиќ - МојПсихолог, Марко Марковиќ - GP и Горјан Јовановски - МојВоздух кои на панел дискусијата ќе ги споделат своите инспиративни приказни, а воедно ќе одговараат и дискутираат прашања во врска со важноста на менталното здравје, меѓусебната поддршка и волонтеризмот кај младите. 

Главна цел на настанот е промовирање на новата апликација SpeakOut , која на младите од нашата земја им нуди можност за безбеден простор за изразување, доверување и советување. Оваа апликација е развиена како дел од глобалиот предизвик за млади на УНИЦЕФ, „Генерација без граници” од страна на тимот од шест средношколци од нашата земја кои го освоија признанието глобални победници во 2019 година. На овој настан тимот на SpeakOut ќе го сподели начинот на користење, кои се нејзините предности и зошто таа е навистина потребна на младите во нашата земја. 

Линк до настанот: https://www.facebook.com/events/220516039120998/?ti=ls
Следете ги профилите на тимот на социјалните мрежи:
www.facebook.com/speakoutappmk/ www.instagram.com/speakoutapp 

Дознајте повеќе на нивната веб страна: https://speakapp.mk

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: