Онлајн промоција и разговор со контроверзниот философ Славој Жижек за неговата нова книга „Пандемија“

Онлајн промоција и разговор со контроверзниот философ Славој Жижек за неговата нова книга „Пандемија“

Објавена во: После „Школо“ // PR

Новата книга „Пандемија“ на контроверзниот словенечки философ Славој Жижек ќе биде онлајн промовирана на 23 јули (четврток) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Ќе може да се погледне разговорот помеѓу авторот и уредникот на изданието Филип Видиновски, каде пред сè ќе може да се слушнат ставовите на Жижек врзани за тоа како ситуацијата низ која минуваме ќе го смени светот и глобалната економија. Поднасловот на „Пандемија“ е „Ковид-19 го тресе светот“ и делото преведено на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

‒ Делата на Жижек се протегаат од Хегел до Бетмен преку анализи на актуелните светски состојби па сè до комплетно сериозни осврти во разликите на дизајнот на веце-школките во европските земји. Напишал безброј колумни за најтиражните светски списанија, редовно се појавува на најпознатите светски телевизии, а неговите јавни предавања ширум светот речиси без исклучок предизвикуваат огромен интерес. Жижек напиша нова книга „Пандемија – Ковид-19 го тресе светот“, а ние во издавачката куќа „Арс Ламина“ ја издаваме на македонски јазик. Оваа книга, иако кратка, нуди зачудувачки јасна перспектива за новата светска ситуација, што инаку е тешко видлива поради медиумскиот шум – објаснува уредникот Видиновски.

Жижек е роден во 1949 година и во доменот на неговиот интерес се философијата, психоанализата, културологијата, филмската критика и политичката теорија. Во 1989 година ја пишува првата книга на англиски јазик која го става на светската писателска мапа и оттогаш има издадено десетици дела и есеи. Неговата книга „Пандемија“ веќе е достапна во сите книжарници „Литература.мк“, а може да се купи и онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk.

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: