Онлајн промоција на вториот дел од „Солунска 28“ од авторот Неле Карајлиќ

Онлајн промоција на вториот дел од „Солунска 28“ од авторот Неле Карајлиќ

Објавена во: После „Школо“ // PR

Еден од наjпознатите музичари од екс ЈУ сцената Неле Карајлиќ, покрај успесите во сатиричните комедии како „Топ листа надреалиста“ и учеството во бендовите „Но смокинг оркестра“ и „Забрањено пушење“, се проба и успеа како автор на романи и неговото најново дело онлајн ќе биде промовирано на 25 август (вторник) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“.


По книгата „Фајронт во Сарајево“ доаѓаат и двата дела на „Солунска 28“. Насловот на второто продолжение е „За пријателството и за предавството“ и македонскиот превод е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Книгата веќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на www.literatura.mk

‒ Вториот дел од оваа трилогија е посветен на луѓето и случувањата кои минувааат низ куќата на самото пристаниште на Дунав. Д-р Крајлиќ по не знам кој пат докажува дека има неисцрпна енергија која успева да се избори со најголемите животни и уметнички предизвици. Зборувајќи за сето она што ги има снајдено станарите на Солунска 28 во тек на германската окупација на Белград во време на Втората светска бојна. Д-р Карајлиќ нуди еднакво читачко уживање и на оние кои го прочитале првиот дел од трилогијата, но и на оние кои сега се приклучуваат кон армијата – се вели во предговорот на ова дело.

„Солунска 28“ е возбудлив роман за уште повозбудливи времиња кој се чита во еден здив до последната страница. Првиот дел од „Солунска 28“ исто така е достапен во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на www.literatura.mk.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: