Опасното влијание на инфлуенсерите: Пропагираат антивакцерски идеи, а се вакцинираат

Опасното влијание на инфлуенсерите: Пропагираат антивакцерски идеи, а се вакцинираат

Објавена во: Мода // Moj стил

Инфлуенсерите се јавни личности на новите генерации, кои на многумина не им се јасно, што поради однесувањето на социјалните мрежи, што поради опасните идеи кои неретко ги пропагираат. Тоа најдобро се виде и за време на пандемијата на коронавирусот.

Откако вакцинтие против короната пристигнаа во целиот свет, почна делот каде што треба да се натераат луѓето да одат да ги примаат. Наместо да им се верува на експертите и научниците, многу луѓе веруваат во „сопствените“ истражувања кои ги прават на „Гугл“, Фејсбук или Инстаграм.

Не е ниту мал бројот на јавни личности кои не ги поддржуваат вакцините против коронавирусот и слободно зборуваат за тоа. Помеѓу нив е и Зорана Јовановиќ Зоранах.

Таа своевремено ги праша своите следбеници дали ќе се согласат да се вакцинираат и зошто сакат или не сакаат да го направат тоа. Кога ѝ стигнаа одговорите, инфлуенсерката објави околу 50 негативни коментари и само еден позитивен.

„Воглавно одговорот е „не“. Сигурно околу 90 отсто. Што мислите, кое е моето мислење“ - напиша Зоранах, алудирајќи дека одговорот е дека ниту таа нема да прими вакцина.

Потоа на стори на Инстаграм порача дека знае дека со овој став вознемирила многумина, па наведе „дека едвај чека да ја контактираат за да ја тргне оваа објава“ - дополнително продлабочувајќи ги теориите на заговор за измислениот непријател кој се обидува да го уништи човечкиот род.

Потоа сними и видео во кое детално објаснува зошто не сака да се вакцинира.

За време на гостувањето во една ТВ емисија, Зоранах исто така ги „подгреа“ теориите на заговор, тврдејќи дека „секој треба да има свое мислење за коронавирусот“.

„Јас мислам дека секој трбеа да има некое свое мислење на коронавирусот, но јас не знам дали смеам да го кажам своето, бидејќи од сите страни константно ме напаѓаат. Јас навистина мислам дека вирусот настанал по вештачки пат и дека е пуштен, па, сега, од која причина тоа не можеме да го знаеме. Мислам дека не настанал на пазар. Не размислувам за тоа кога ќе заврши ова, само нека ми дозволат да излезам од државата. Ништо друго не ми треба“ - кажа таа своевремено.

Од државата ја пуштија - со вакцина, секако. Таа на Инстаграм објави фотографија од Париз, па многумина заклучија дека наводно примила вакцина за да може да отпатува, бидејќи во спротивно не би можела да ја посети француската престолнина.

Во оваа европска држава од летово беше воведена мерка со ковид пропусници - што подразбира да имате потврда дека сте вакцинирани со две дози против коронавирус или да имате негативен ПЦР тест, не постар од три дена. Дали сепак одлучила да се вакцинира, а не да прави ПЦР тестови во недоглед, докажа и нејзното видео на Јутјуб, бидејќи во еден кадар се гледа јасно испринтантиот лист, односно, потврдата за вакцинација.

Кога ги објави првите фотографии со аеродром, следбениците веднаш ја прашаа дали е точно дека се вакцинирала, но Зоранах не одговори ништо на тоа. Прашањата се сосема на место, бидејќи неколку месеци пред тоа таа беше прва против вакцинацијата, промовирајќи такви ставови.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: