Опра Винфри го угости девојчето со најдолго име на светот: Го учела 6 години, а во 2019 година се случи пресврт (ВИДЕО)

Опра Винфри го угости девојчето со најдолго име на светот: Го учела 6 години, а во 2019 година се случи пресврт (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Името има 1.019 букви!

Девојчето стана хит во светот и влезе во Гинисовата книга на рекорди со најдолгото име на светот, а нејзиниот извод од матичната книга на родени и долг дури два метри.

Мајката која на својата ќерка ѝ го дала ова неверојатно долго име кај Опра Винфри кажа дека причината за тоа е да постави Гинисов рекорд и во исто време да се увери дека нејзиното девојче има единствено име.

„Морав да направам нешто за да го соборам рекордот од Гинисовата книга. Морав да бидам сигурна дека нејзиното име ќе биде единствено. Не сакав нејзиното име да биде како било кое друго“  - кжаа мајката Сандра во емисијата на Опра, која се емитуваше во далечната 1997 година.

Во времето кога емисијата беше емитувана за првпат, Опра направи посебна графика само за да го прикаже името на младата девојка на екранот. Но, она што ги изненади сите е моментот кога девојката беспрекорно си го кажала своето целосно име.

Ова е нејзиното име, па обидете се и вие:

Rhoshandiatellyneshiaunneveshenkescianneshaimondrischlyndasaccarnae renquellenendrasamecashaunettethalemeicoleshiwhalhinive’onchellecaundenesheaalausondrilynnejeanetrimyranaekuesaundrilynnezekeriakenvaunetradevonneyavondalatarneskcaevontaepreonkeinesceellaviavelzadawnefriendsettajessicannelesciajoyvaelloydietteyvettesparklenesceaundrieaquenttaekatilyaevea’shauwneoraliaevaekizzieshiyjuanewandalecciannereneitheliapreciousnesceverroneccaloveliatyronevekacarrionnehenriettaescecleonpatrarutheliacharsalynnmeokcamonaeloiesalynnecsiannemerciadellesciaustillaparissalondonveshadenequamonecaalexetiozetiaquaniaenglaundneshiafrancethosharomeshaunnehawaineakowethauandavernellchishankcarlinaaddoneillesciachristondrafawndrealaotrelleoctavionnemiariasarahtashabnequckagailenaxeteshiataharadaponsadeloriakoentescacraigneckadellanierstellavonnemyiatangoneshiadianacorvettinagodtawndrashirlenescekilokoneyasharrontannamyantoniaaquinettesequioadaurilessiaquatandamerceddiamaebellecescajamesauwnneltomecapolotyoajohnyaetheodoradilcyana


И тоа е само нејзиното име. Нејзиното средно име е Koiaaniskuatsiuth, а презиме Вилијамс. Но, бидејќи нејзиното име не е најлесно да се изговори, таа се вика Џејми.

Сандра тогаш на водителката ѝ кажа дека таа и нејзиниот сопруг, кога се родила нивната ќерка на 12 септември 1984 година, во нејзиниот извод од матичната книга на родини ја запишале Rhoshandiatellineshiaunneveshenk Koiaaniskuatsiuth Вилијамс, но потоа одлучиле дека тоа не е доволно долго. На крајот нејзиниот извод од матична книга на родени бил долг 2 метри.

„Да ѝ дадеш на својата ќерка необично име е едно, но да ја натераш да го научи, еее... тоа е сосема друга работа“ - кажа мајката.

Девојчето тогаш морало да го сними името на касета, а потоа да го пушта одново и одново додека не го научи. Во емисијата на Опра, младата Џејми кажала дека ѝ се допаѓа нејзиното единствено име, бидејќи тоа ја направило популарна и ѝ овозможило да патува претстави и да не оди училиште.

Иако емисијата на шоуто на Опра Винфри за најдолгото име на светот во изводот од матичната книга на родени е емитувана во 1997 година, истата стана вирална на Интернет дури пред неколку години, поточно во 2019 година, кога истото беше објавено на нејзиниот Јутјуб канал, каде од тогаш има повеќе од 19 милиони прегледи. 

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: