Опседната со розова боја: Веќе 13 години не носи ништо во друга боја, а и целиот стан и розов
Јасмин Шарлот е наставничка од Швајцарија која својот стан го има украсено со розови огледала, лустери, но и ѕидовите и се во омилената боја.
„Враќање во мојот розов стан ме смирува по стресниот ден. Можам да го споредам со меко и удобно ќебе.“ - рече таа и додаде дека предметите во розова боја ги собирала уште во детството. Доколку нешто и се допаѓало било во друга боја, таа го бојадисувала во розова.
Нејзиниот стан понекогаш ги шокира нејзините гости.
„Кога некој ќе ми дојде во станот останува во мал шок, бидејќи не може да верува дека се е во розова боја. За среќа, никој не избегал досега, сите ги интересира ова“ - раскажува Јасмин.
Нејзината цела облека исто така е во розови нијанси. Таа има дури 100 пара чевли во својата омилена боја.
„Пред да станам наставничка, научив да пијам, па понекогаш и самата си ја изработувам својата облека, но воглавно ја купувам од интернет и во продавници. Никогаш не морав да носам униформа за на работа и никогаш не би одбрала работа на која не би можела да ја носам розовата боја“ - вели Јасмин која последните 13 години не носела друга боја освен розова.
„Имаше случаи кога морав да одам на погреби или нешто слично, но доколку се случи тоа, позајмувам облека. Не поседувам ништо што не е розово. Навистина ми е чудно да носам било што друго“ - вели таа.
На 19 години, Јасмин ги фрлила своите фармерки - своето последно модно парче кое не било во розова боја и никогаш повеќе не купила такви.
„Моите пријатели од училиште мислеа дека тоа е само фаза, но кога ме видоа неколку години подоцна, кажаа: Се уште носиш розово. Моето семејство ме поддржува и вели дека тоа им се допаѓа“ - додаде оваа наставничка која признава дека луѓето на улица често ја гледаат чудно, а некои и дофрлаат и ужасни коментари.
„Во почетокот се чувствува многу неудобно. Не ми се допаѓаше вниманието, но со текот на време тоа ми стана нормално, а сега не ни забележувам дали ме гледаат луѓето“ - раскажува.
Нејзините ученици се многу разумни, а ја викаат „Miss Pink“. Јасмин откри дека планира и да се омажи во розов фустан, пренесува The Sun.