Орео суши е новиот хит рецепт на ТикТок: Сите сакаат да го пробаат
Корисниците на ТикТок од ден во ден се радуваат на новите рецепти, а последните денови сите „полудеа“ за Ореа суши, кои се прават од само две состојки. Ако сакате и вие да го пробате овој вирален рецепт, продолжете да читате.
За подготовка на Орео суши, забавниот десерт кој ја освои најпопуларната социјална мрежа на светот, ќе ви требаат две состојки. Првата се Орео колачињата, очекувано. А, потоа потребно ќе ви биде уште малку млеко. Taste of Home пишува како чекор по чекор да го направите овој десерт.
1. Одвојте ги колачињата
Орео кексите одвојте ги еден по еден, а потоа со лажите отстранете го белиот крем од нив. Кремот ставете го во посебен сад. Кексите ставете во пластична вреќичка.
2. Подгответе ја базата за суши
Кексите кои ги ставивте во пластичната вреќичка здробете ги, а потоа преврлете ги сад. Додајте млеко по желба, додека не добиете густа смеса која може да се обликува.
3. Направете го најзабавното суши досега
Ставете пластична фолија на површината, распоредете ја црната бисквитна паста преку фолијата, а потоа премачкајте ја со бел крем. Користејќи фолија, замотајте ја ролната за суши, а потоа ставете ја во фрижидер и исечете ја на кругови кога ќе го „зацврсти“. Послужете им на гостите, семејството и пријателите, тие ќе бидат воодушевени!
@siennas.sweets #oreosushi #oreodesserts #fyp #oreodessertrecipe #chocolatefood #pleasemakethisvirall #easyrecipesforkids
original sound - Adam Wright