Осмицата носи богатство, седмицата мудрост: Дали сте родени под среќен број?

Осмицата носи богатство, седмицата мудрост: Дали сте родени под среќен број?

Објавена во: Совети // Тестови

Денот на вашето раѓање ја одредува енергијата која ве следи цел живот. Прерачунајте ја нумеролошката вредност на датумот на раѓање, односно својот судбински број и ослободете ги своите таленти кои ќе ве одведат до успехот.

Доколку сте родени на 13.02.2001, судбинскиот број ќе го пресметате така што ќе ги соберете сите броеви: 1 + 3 + 2 + 2 +1. Збирот е 8, а доколку резултатот ви е двоцифрен број, тогаш ќе го сведете на едноцифрен, така што ќе ги соберете двете бројки. Бројот кој го добивте, во овој случај е вашиот судбински број.


1 - Нема подобар од вас

Поради вашата силна индивидуалност и позитивност створени сте да бидете лидери. Креативноста, оригиналноста, но и агресивноста ви гарантираат успех во организирањето. Најдобри сте кога учите од сопствените грешки и почнувате отпочеток. Настојувате секогаш да застанете зад своите одлуки без оглед на тоа што ви велат другите. Никогаш не одите по вообичаените патеки, туку по нови, неистражени, а тоа ќе ви се исплати. Некогаш сте нетактичи, а тоа би можело да ви наштети.

Лекција: Бидете окружени со луѓе на кои потполно им верувате.


3 - Вие сте прекрасен соработник

Вие сте идеален партнер, пријател и работник. Учите на туѓите грешки, а сте многу подобар соработник, отколку лидер. Многу сте тактични и вниманателни, па лесно ги привлекувате луѓето околу себе. Никогаш нема да ви недостасува нешто во животот, бидејќи смирено и интелигентно ги совладувате сите проблеми. Бидејќи во природа ви е да простувате, доколку имате потешкотии со партнерот, ќе бидете подготвени на компромис. Но, сепак внимавајте партнерот да не ја злоупотреби вашата великодушност.

Лекција: Пробајте да ја сочувате рамнотежата помеѓу приватното и деловното.



Следна страна

Објавена во: Совети // Тестови

Можеби ќе ве интересира: