Осмицата носи богатство, седмицата мудрост: Дали сте родени под среќен број?

Осмицата носи богатство, седмицата мудрост: Дали сте родени под среќен број?

Објавена во: Совети // Тестови


3 - Забавни сте и брзи

Остроумноста е вашата главна предност, но многу ретко подлабоко влегувате во било каква проблематика. Често сте ентузијастични кога и да се случи нешто и лесно ширите возбуда на другите, но проблемот е што брзо го губите интересот и преминувате на нешто сосема ново. Не грижете се премногу поради иднината, а навикнати сте постојано да биде како што имате наумено. Духовити сте, друштвени и поради тоа лесно склопувате пријателства. Ќе успеете на оние полиња каде што се бара елоквентност и уметност.

Лекција: Немојте поради лежерност да ги занемарите своите обврски.


4 - Логични сте и практични

Имате око за детали, а и во најздодевните активности можете да остварите успех. Ваша е предноста што останувате смирени кога сите ја губат контролата. Лојалноста ќе ви донесе се за што копнеете. Понекогаш премногу инсистирате на свој начин на решавање на проблемите или се губите во деталите, а тоа може да ви го успори патот до целта. Одговорноста, пожртвеноста и практичноста се вашите предности.

Лекција: Опуштете се, во животот има поважни работи од работата.


5 - Привлекувате со шарм

Слободата ви е најважна, а тоа се одразува во вашата потрага за авантура. Тремпераментни сте, енергични и често го менувате расположението. Поради смислата за хумор секогаш сте во центарот на вниманието. Живеете брзо, многу сте прилагодливи, брзо размислувате, а сексуалноста ви е магнетна. Бидејќи лесно ги привлекувате луѓето и сте елоквентни, внимавајте да го зборувате само она за што сте подобро запознаени за да ги избегнете непријатните ситуации.

Лекција: Бидете помалку брзоплети, па ќе напредувате.



Претходна страна  Следна страна

Објавена во: Совети // Тестови

Можеби ќе ве интересира: