Осмицата носи богатство, седмицата мудрост: Дали сте родени под среќен број?
6 - Добрината сјае од вас
Прекрасен сте дипломат, одлично ги смирувате скараните страни, бидејќи сте доволно трпеливи да ги слушнете сите аргументи. Мудроста ви е предност на работа и дома, секогаш сте на располагање на најмилите, а доколку се е средено дома, ќе успеете и на сите други полиња. Несебичноста е ваша најважна карактеристика, но и сочувството и топлината. Сакате убави работи, се разбирате во уметност, што се забележува на вас.
Лекција: Не се сите подготвени за вашите совети.
7 - Духовноста ви е важна
Во се мора да се уверите од прва рака, со тоа сте многу аналитични, а духовната димензија ви е неверојатно важна. Вие сте роден филозоф, учител, исцелител, но за да се остварите во тоа, морате прво малку да се опуштите. Дури тога ќе се уверите дека може да научите многу мудрости. Ве интересира културата и уметноста и обожавате се што е убаво. Сепак, животот е често полн со препреки, но секогаш ќе бидете во потрага по скриени вистини.
Лекција: Опуштете се, па ќе имате и повеќе самодоверба.
8 - Финансиите ви се силна страна
Славата, моќта и богатството ви се запишани во ѕвездите. Одлично се вклупувате во поголеми организиции и друштва, а најмногу време трошите на оние на кои им е потребна помош. Храбри сте, а тоа го покажувате борејќи се за послабите. Длабоко во себе имате и многу темна страна која може да стане моќно оружје на страната на злото, па треба да внимавате да ја држите под контрола. Доколку преовладува, никогаш нема да уживате во богатство.
Лекција: Околу вас нека има спонтани и забавни луѓе.
9 - Помагате во неволји
Чувствителни сте на се од околината, покажувате голем интерес за мистичното, а некои од вас имаат дури и паранолмални способности. Најсреќни сте кога сте неоптеретени со материјалното, само тогаш може да ги остварите сите свои потенцијали. Склони сте кон несреќни романтични врски, а често грешите зошто сакате партнерот да ви удоволи по секоја цена.
Лекција: Кога ќе пронајдете мир, се ќе си дојде на свое место.