Осминафиналето од „Ѕвездите на Гранд“ започнува во сабота: Марија Шерифовиќ откри која песна ја вежба Драгана Костова (ВИДЕО)
Откако заплови во јутјуберските води, Марија Шерифовиќ редовно споделува влогови на својот профил. Иако во последно време, тоа се видеа од нејзините професионални ангажмани, сепак и со нив успеава да го задржи вниманието на следбениците.
Последното во низата видеа, е она во кое покажа како течеле подготовките со нејзините кандидати за осминафиналето од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Првата емисија ќе може да ја погледнете во сабота, а Марија како ментор влегува со 5 кандидати, од кои една е младата струмичанка Драгана Костова.
Како и во секое видео, така и овој пат, Марија своите кандидати ги праша колку се задоволни од последниот настап и какви се нивните очекувања за понатаму.
„Бев сигурна дека ќе поминам. Задоволна сум од својот настап. Секогаш можам да се покажам и во подобро светло, но тремата си го прави своето. Сега конкуренцијата е поголема, кандидатите се многу подобри. Сега треба да го дадеме својот максимум за да биде сѐ како што треба“ - кажа Драгана.
Во продолжение на видеото, Марија и откри од песната која ја вежбала нашата кандидатка. Станува збор за песната „Све ти опраштам“ од Маја Оџаклиевска, а како звучи Драгана, погледнете во видеото во продолжение:
фото: Принтскрин / Јутјуб