Остана без титулата најмлада милијардерка: Кајли со години лажела за своето богатство?
Кајли Cosmetics сепак не е толку профитабилен бизнис...
Сестрите Кардашијан - Џенер се познати по скандалите, а овој пат на мета е најмладата сестра Кајли и нејзиниот (сепак) мултимилионски бизнис.
Имено, најпознатиот светски финансиски магазин Forbes, со години титулата најмлада милијардерка и ја доделуваше на Кајли поради нејзиниот познат козметички бренд. Меѓутоа во најновата вест која ја објавија велат дека нивните проценки сепак биле погрешни, бидејќи Кајли лажела за своето богатство, а се претпоставува дека дури и ги лажирала даночните пријави за да го претстави својот бизнис во подобро светло.
Forbes исто така истакна дека е можно нејзиниот бизнис навистина некогаш да бил вреден милијарда долари, но дека тоа сега, по кризата предизвикана од коронавирусот, повеќе не е така. Од магазинот истакнуваат дека Кајли и нејзиниот тим од 2016 година се труделе да го претстават Кајли Cosmetics како профитабилен бизнис, отколку тоа што навистина е. Кајли секако набрзо по објавената вест даде и свој одговор на Твитер: „Со какви вести се будам? Мислев дека (Forbes) е угледна страница, а се што гледам се неточни изјави и непотврдени претпоставки. Никогаш не барав никаква титула, ниту пак се обидував да лажам за да дојдам до неа. Точка.“
what am i even waking up to. i thought this was a reputable site.. all i see are a number of inaccurate statements and unproven assumptions lol. i’ve never asked for any title or tried to lie my way there EVER. period
— Kylie Jenner (@KylieJenner) May 29, 2020
Сепак, изјави дека и најновите обвинувања на сметка на нејзиното богатство не и пречат толку: „Но, во ред. Многу сум благослевена бидејќи имам прекрасна ќерка и успешен бизнис и се е во најдобар ред. Можам да најбројам листа на 100 други, многу поважни работи од фиксирањето на тоа колку пари имам. Тоа е ПОСЛЕДНАТА работа околу која моментално се грижам.“
i can name a list of 100 things more important right now than fixating on how much money i have
— Kylie Jenner (@KylieJenner) May 29, 2020
Forbes процени дека Кајли и нејзиниот бренд се сепак „тешки“ малку повеќе од 900 милиони долари, поради што веруваме кога вели дека не се грижи за своето богатство, бидејќи тоа е сепак голема сума на пари, дури иако не е милијардерка.