Осум чудни навики и правила поврзани со храната кои ги имаат: Би можеле ли да се храните како членовите од кралското семејство?

Осум чудни навики и правила поврзани со храната кои ги имаат: Би можеле ли да се храните како членовите од кралското семејство?

Објавена во: Совети // Семејство

Секако дека кралското семејство нема да се храни како и другите луѓе...

Освен правилата кои ги имаат и кои мора да ги почитуваат кога е во прашање хранаtа, исто така имаат и некои чудни навики кои можат да си ги дозволат, бидејќи сепак се кралско семејство. Ова се 8 - те најчудни правила и навики, а до некои од им тешко дека би можеле да се придржуваме и ние.

# Кралицата јаде хамбургери без лепче 

Она што го научивме додека го пишувавме ова е дека кралицата сака да ја јаде својата храна со помош на нож и вилушка, без разлика за каква храна станува збор. Така е и со хамбургерот. Од време на време сака да јаде плескавици, но бидејќи јаде со помош на прибор, така и пречи лепчето во кое е плескавицата, па го јаде без лепче.

# Школките се забранети

Едни од морските плодови што кралското семејство не смее ниту да ги проба се школките. Тие се многу незгодни. Можат да ве разболат, но и да ве отрујат. Значи, нема ризик и за нив школките се отстрануваат од менито. Другите морски плодови се дозволени, а принцот Вилијам и Кејт Мидлтон често знаат да уживаат и во суши.

# Во храната нема лук

Кралицата не е љубител на лук, особено на неговиот мирис, па затоа на готвачите им е наложено да не ставаат лук во храната. Бидејќи таа не го сака, низ целата Бакингемска палата, нема лук за никого. Дека ова е жива вистина, потврди и поранешниот кралски готвач.

# Нема јаглехидрати за вечера

На чинијата нема компири, тестенини или ориз кога е време за вечера, што не е толку лошо правило. Иако сите овие додатоци се во ред и сите ги сакаме, не е добро да ги јадеме навечер, бидејќи може да ни биде тешко во текот на ноќта, но исто така не е добро да се консумираат во поголеми количини.

# Никој не смее да започне да јаде пред кралицата

Кој и да седи на трпезата каде што е кралицата, не смее да почне да јаде пред неа. Но, тоа не е сè. Исто така, кога таа ќе престане да јаде, сите други треба да престанат да јадат. Без разлика дали јаделе или не, доколку кралицата заврши со оброкот, тоа мора да го направат и другите.

# Кралицата јаде банана со нож и вилушка

Исто како хамбургерите, кралицата и банана јаде на својот малку необичен начин. Додека ние нормалните ја лупиме и малку по малку ја јадеме, кралицата има малку поинаков начин. Прво, со помош на нож и вилушка го сече долниот и горниот врв на бананата, а потоа со помош на приборот, ја сече и отвара кората. После тоа, „нормалната' банана ја сече на мали парчиња и ја јаде.

# Каде и да дојде кралицата, треба да има чоколадна торта со бисквити

Ова е правило што навистина ни се допаѓа. Британската кралица е голем љубител на чоколадната торта со бисквит. Толку голем обожавател што ова е нешто што го јаде секој ден! Значи, кога има распоред или патување во друг град или земја, таму треба да ја чека чоколадна торта со бисквит.

# Кралицата овошје јаде од чиниите Tupperware

Можеби ќе помислите дека кралицата ги јаде оброците од фенси златни чинии обложени со дијаманти или нешто слично, но факт е дека таа некои работи ги јаде како нас - од пластични садови. Таа има свој жолт сад Tupperware од кој јаде овошје.

фото: Atlaspix i Mr Pics / Shutterstock


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: