Осумгодишно девојче ја донираше својата заштеда: Драга Украино, овие пари се сѐ што имам

Осумгодишно девојче ја донираше својата заштеда: Драга Украино, овие пари се сѐ што имам

Објавена во: Совети // Семејство

Девојче својата заштеда ја даде за граѓаните на Украина. Многу е потресена поради војната, а нејзината порака допре до една украинска пратеничка.

Неодамна на Фејсбук се појави фотографи со порака на хартија и неколку монети. Набрзо се откри дека зад сето тоа се крие едно девојче од Ирска.

Осумгодишната Ирис доаѓа од Лимерик, Ирска, а во пораката напиша:

„Драга Украино, моето име е Ирис и многу е жал поради војната. Не сум од Русија, туку од Лимерик. Се надевам дека поголемиот дел од вас ќе ја преживеат војната. Парите кои ги давам се сѐ што имам“.

Донацијата и пораката ја допреа и г-ѓа Лесија Василенко, која од 2019 година е пратеничка во укранскиот парламент. Таа објавата ја сподели на Твитер.


Ова мало девојче на сите им одржи лекција за великодушноста. Овие неколку монети се највредното нешто што жителите на Украина го добија овие денови.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: