Осумнаесетгодишна девојка го држеше рекордот во најдолгата коса на светот: Сега за првпат по 12 години ја скрати
Беше горд сопственик на Гинисовиот рекорд за личност која има најдолга коса на светот...
Доколку мислиш дека не одиш редовно често на фризер за малку да ги скратиш врвовите или да ја промениш фризурата, не си ни близу до оваа девојка. Таа не се шишала 12 години. Сепак сепак се одлучила да го направи тој голем чекор, а еве колку ја скратила косата.
Девојките кои ги пуштаат своите коси знаат дека секој сантиметар се брои. Секогаш сме им лути на фризерките кога ќе ни исшишаат повеќе коса, од она што сме им го побарале, па дури и кога станува збор за половина сантиметар повеќе. Затоа со задоволство не одиме на шишање сѐ додека тоа не стане потребно. Но, дури и веќе подолго време не сте биле на шишање, не сте полоши од оваа 18 - годишна девојка. Ниланши Пател од Индија не била шишање веќе 12 години! Пред 3 години се впишала во Гинисовата книга на рекорди како личност со најдолга коса на светот, а на последното мерење, во јули минатата година, косата ѝ била долга 199 сантиметри. Досега веќе сосема сигурно стигнала и до заокружени 200 сантиметри, а постои и веројатност дека ги поминала.
Меѓутоа, Златокоса од реалниот живот одлучи дека е време за да се прости од својата коса. Пред неколку дена се појави официјално видео на Гинисовиот Јутјуб канал, каде покажаа како изгледало шишањето и колку ја скратила косата оваа девојка. Само ќе кажеме дека не сме очекувавме ваква промена.
Инаку, скратената коса ја донирала на Гинисовата книга на рекорди.