Освои го твојот принц на бел коњ: 7 тактики кои ги користат Дизни принцезите

Освои го твојот принц на бел коњ: 7 тактики кои ги користат Дизни принцезите

Објавена во: Совети // Boys and Girls

И тие имаат неколку трикови во ракав, а изгледа дека добро им оди во љубовта, зошто секогаш на крајот завршуваат со својот принц.

Совети за состаноци и освојување на момчето кое ти се допаѓа денес можеш да пронајдеш на секој чекор - од магазини до милион текстови на таа тема кои се достапни на Интернет, но сигурно никогаш не ти паднало на памет да прифатиш некој совет на оваа тема од Дизни принцезите.

Низ овие седум бајки и принцези кои се појавуваат во нив, можеш да научиш нешто кога се љубовта и состаноците во прашање. Имаат и тие свои трикови во ракав кои можеби не си ги забележила кога си ги гледала овие цртани како помала.

# Пепелашка: Дај му на момчето до знаење дека не си секогаш достапна и дека мора малку да се потруди околу тебе

Му дозволи на принцот доволно да ја запознае за да се заинтересира, а потоа ја снемува. Предизвиците се добра работа, доколку покажеш дека е лесно некој да те освои, момчето би можело брзо да го изгуби интересот, треба да му дозволиш да се помачи, па така ќе дознаеш дека доволно му е важно да биде со тебе.

# Снежана: Немој да престанеш да се дружиш со своите машки пријатели поради момчето

Можеби твојот принц на бел коњ во почекот ќе се чувствува малку загрозено, но откако ќе го запознае твоето машко друштво и кога ќе се здружи со нив, ќе види дека нема причина за грижа.

# Малата сирена: Малку зборување, повеќе говор на телото

Само затоа што зборувањето е твоја силна страна, нема потреба да бидеш нервозна и загрижина дека нема да му се допаднеш.

# Јасмин (Аладин): Вистинската љубов нема предрасуди

Никогаш не смееш да размислуваш на следниот начин: „Ова момче е предобро за мене“ или „Јас сум предобра за него“. Да била принцезата Јасмин вообразена и да не сакала да ги погледне сиромашните момчиња, никогаш немало да го запознае Аладин.

# Бела (Убавицата и ѕверот): Физичкиот изглед е лесно да се промени, но карактерот не се менува

Ѕверот во вистинскиот живот секогаш останува ѕвер. Убавината е во окото на оној што набљудува, физичкиот изглед лесно може да се промени, но карактерот не.

# Златокоса: На сите некогаш им треба мала помош - дури и на твојот принц

Иако тој изгледа како личност која може се и на која не и треба помош, да му помогнеш е убав гест кој ќе го освои. 

# Аурора (Заспаната убавица): Дозволи му некогаш да те спаси

Доколку симпатијата ти нуди помош околу нешто, прифати ја. Момците сакаат да се почувствуваат корисно, затоа дозволи му понекогаш да те „спаси“.

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: