Откри детали за врска, но и за тоа како го освоила мистериозната девојка: Бака Прасе прослави една година љубов

Откри детали за врска, но и за тоа како го освоила мистериозната девојка: Бака Прасе прослави една година љубов

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

За тоа дека познатиот регионален јутјубер, Бака Прасе, има девојка, се зборува веќе долго. Тој даваше некои суптилни знаци, објавуваше необични фотографии и најави заедничко видео со својата поубава половина, сега и го објави, на првата годишнина од врската.

Сепак, Бака Прасе повторно не откри која е неговата девојка, туку само дека - има деовјка. Имено, во целото видео нејзинито лице е заматено, или снимано во темно, па девојката поради тоа не се гледа најдобро. Како и да е, тој и понатаму ја крие, како и во претходните видеа и на претходните фотографии кои ги споделуваше со неа.

Бака на почетокот на видеото го најави изненадувањето кое го подготвил за девојка му за првата годишнина од врската. „Многу ми значи и навистина се заљубив и одлучи да ја изненадам за првата годишнина, а тоа изгледаше вака“ - најави тој.

Во следниот момент можеме да ја видиме неговата девојка (со прекриено лице, секако), а тој во позадина ѝ пее „Среќна годишнина“.

Призна дека ова му е прво видео за кое се плашел да го сними, признал дека се тресе додека на обожавателите им зборува пред камера, а потоа уште еднаш нагласи дека се заљубил, а дека ни самиот не знае како дошло до тоа. „Ете, само се случи, навистина се заљубив многу“ - призна јутјуберот.

Вели дека неговата девојка не е од Србија и дека кога се запознале, не ни мислел дека би можеле да завршат во врска. „Таа цело време беше лабава, беше како незаинтересирана, но јас бев тврдоглав и упорен“ - кажа Бака.

Првпат ѝ се јавил во 2017 година, тогаш се запознале првпат, но сериозно започнале да се гледаат пред една година. Иако првенствено ги одбиваше сериозните врски, бидејќи кариерата му беше на прво место, како што вели, таа го освои со ситници. 

За тоа какво изненадување ѝ подготвил за првата годишнина и како „паднал“ на нејзината добрина, убавина и шарм, погледнете во видеото во продолжение:


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: