Откри од која постапка се срами најмногу: Клои Кардашијан за киксот кој го направи пред камерите
Уште тогаш се прашувала зошто го прави тоа пред камерите, но секако го направила...
Сите имаме некои ситуации поради кои и ден денес ни срам кога ќе се сетиме на нив и се прашуваме што ни се случувало што сме го правеле тоа. Сега Клои откри за која ситуација и денес се срами, а која останала забележана во нивното реално шоу.
Многу луди ситуации можевме да погледнеме во емисијата „Во чекор со Кардашијанс“, некои за кои дури и се срамевме кога ќе ги гледавме, но по една Клои особено остана запаметена. И тоа за неа е најсрамотната ситуација во која некогаш се нашла во текот годините кога го снимале шоуто. Во неодамнешното интервју кое го даде за „People“ раскажа за која ситуација станува збор и мора да се сложиме со неа, навистина е срамна.
Иако има уште ситуации поради кои се срами, ова особено се издвојува. Тогаш уште се гледала со Ламар и сакала да го изненади со заводливо видео, но се сеќава дека уште тогаш се прашувала зошто го прави тоа, а особено сега, кога ќе се потсети на тоа и понатаму го чувствува истиот срам. Особено кога ќе се сети што беше прикажано на малите екрани и дека и понатаму е достапно за секој што ќе посака да го види овој момент. Имено, Клои тогаш ја имаше наполнето кадата со бомбони и во неа позираше гола.
Призна дека за цело време се прашувала: „Зошто го правам ова пред камерите?“.