Откриен ценовникот на Теодора Џехверовиќ: Заработи 50.000 евра без да настапува, а еве за што станува збор

Откриен ценовникот на Теодора Џехверовиќ: Заработи 50.000 евра без да настапува, а еве за што станува збор

Објавена во: Stars // Музика

Повеќе не е тајна...

Епидемиологот и член на Кризниот штаб, Предраг Кон неодамна на својот Фејсбук профил ги осуди масовните собири на прославите во Смедерево и Врњачка Бања, за кои подоцна се утврди дека на нив настапувала пејачката Теодора Џехверовиќ, што крена голема прашина во јавноста.

Сега е откриено дека пеењето не е единственото нешто од кое заработува младата пејачка. На социјалните мрежи се појави нејзиниот ценовник.

Теодора покрај пеењето се занимава и со рекламирање на Инстаграм. На неа ѝ пристигнала порака со деловна понуда, на која љубезно одговори и објасни колку ги наплатува своите услуги.

„Здраво. Рекламирањето го наплатуваме. За да објавиме реклама на Инста стори со производот кој ние ќе го одбереме чини 500 евра. Да се објави на профилот е 700 евра. Срдечен поздрав.“ - напиша Теодора од својот официјален профил.

Теодора изминатите месеци рекламираше разни приватни сместувања и вили ширум Србија, каде престојуваше, потоа костими за капење, облека, суплименти за спортисти, а како што се зборува, на неделно ниво во просек заработува од две до три илјади евра. Доколку се земе предвид дека го зголеми рекламирањето за време на пандемијата, во изминатите шест месеци само од промоција на брендови и услуги на социјалните мрежи има заработено околу 50.000 евра!


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: