Откриено е како изгледа наталната карта на Ариана Гранде, но и како ја предвидува нејзината популарност
Ариана Гранде живее живот за кој многумина би кажеле дека мораш така да се родиш. Каква карма има личноста која ја сака целиот универзум? Тоа се запрашавме и ние. Пејачката ова лето ќе се мажи за своето момче Далтон Гомез, во животот имаше и непријатни разделби и губитоци, но кога ќе собереме и одземеме сѐ, во нејзината судбина има многу среќа. Еве како изгледа наталната карта на Ариана.
Имено, Ариана е родена во знакот Рак со подзнак во Јарец и Месечина во Вага. Ваквата комбинација дава посебен акцент на нејзината емотивност и фокус на романтичните врски и поврзаноста со луѓето. Сепак, постои еден детаљ во целата приказна кој многу влегува во очи, а во прашање е константното повторување на вториот степен во нејзинаа карта.
Посебно се гледа и дека нејзиниот Марс е позициониран на вториот степен на Девица, додека знакот Девица всушност го симболизира светот на работата, рутината и секојдневното работење генерално. Марс е нешто што инаку ја симболизира нашата енергија, волја, мотивација и поле на живот во кое вложуваме многу труд - извесно е дека кај Ариана, благодарение на вториот степен ова е дополнително нагласено, па така практично, таа е родена за на полето на работа да биде што посилна и подоминантна.
Овој Марс е исто така позициониран и во нејзината осма куќа, која е поврзана со трансформациите, повторното раѓање и смртта. Дозата мистерија само потврдува дека пејачката со својата кариера раздрма сериозна маса и дека животот ѝ висел на конец во еден момент (сетете се на Манчестер). Регенерациајта очигледно е нејзината моќ, бидејќи во текот на својата кариера успеа да направи разни концерти, а да не споменуваме дека се врати посилна по несреќата со терористичкиот напад. Исто така ја преживеа и несреќната смрт на момчето Мак Милер.
Марс на Ариана ѝ дава харизма која е непогрешива и непоколеблива.