Откриено е по што се разликуваат: Фотографија која докажува дека ќерките на Јелена Карлеуша се апсолутна спротивност

Откриено е по што се разликуваат: Фотографија која докажува дека ќерките на Јелена Карлеуша се апсолутна спротивност

Објавена во: Совети // Семејство

Ќерките на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се многу блиски и една на друга си се најголема поддршка, но тие две, иако се родени во ист ден, се разликуваат по многу нешта.

На 7 септември 2008 и 2009 година, Јелена и Душко Тошиќ станаа побогати за нивните две принцези, Атина и Ника Тошиќ. Иако се блиски, сестрите се потполно спротивни една на друга.

Додека Атина веќе е sвезда на Инстаграм и ТикТок, облечена во најнова мода, копија на нејзината мајка, Ника е членка на јуниорскиот фудбалски тим на „Црвена звезда“ и нејзиниот татко, Душко ѝ е нејзиниот најголем пример.

И додека Атина сака да објавува видеа „Тикток“ и да добива популарност, Ника е посмирен тип, кој не е премногу експониран во јавноста, а прашањата со кои таа се занимава се сосема поинакви.

„Инаку, Ника е позната на социјалните мрежи и воопшто во јавноста како исклучително интересно и посебно дете, ако можам така да кажам. Мислам дека е многу интелигентна и од нејзината интелигенција излегува многу зрела духовитост, а кога е духовита е многу духовита, и кога е сериозна и кога пишува, тоа го прави многу сериозно, не оди со дете кое е толку мало. Понекогаш ми е жал што немам камери во куќата 24 часа, за да снимам што зборува Ника, какви се нејзините ставови на политичките теми, и за поделбите, социјалната, општествената правда“ - еднаш зборуваше Јелена за „Телеграф Џет-сет".

И последната фотографија од ќерките на пејачките докажува дека девојките се сосема различни кога станува збор за изборот на стил.

Имено, тетката на Карлеуша неодамна објави фотографија од својот роденден, а на роденден Карлуша пристигна во придружба на ќерките Атина и Ника. Ќерките на Јелена Карлеуша избраа тренди комбинации за оваа пригода, но беа сосема различни. Додека Атина блескаше во мини фустан инспириран од 2000 -тите, Ника избра целосно ретро тексас фустан. Различни, а сепак убави девојки беа sвездите на роденденот на нивната баба Данијела.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: