Откриено е зошто Сара Јо раскина со момчето: Му пречело нејзиното однесување, а една работа навистина не можел да ја поднесе
Сара Јо и Милко делуваа како усогласена двојка и затоа многумина се прашуваат зошто раскинаа...
Сара Јовановиќ неодамна, по пишувањата на медиумите, ја раскина двегодишната врска со продуцентот Милко Бабиќ, а овие денови се појави информации и дека нашла ново момче.
Наводно во прашање е словенечкиот танчер Жига Сотлар со кој соработува интензивно, а кој се појави и во нејзиниот спот за песната „Кажи ми“.
Многумина беа збунети од јаквиот развој на настаните и наводите дека пејачката толку брзо нашла нов партнер, ако се земе предвид дека нејзината врска со Милко делуваше многу усогласено, а сег ас епојавија информации и зошто всушност дошло до раздлебата.
Како што пишува „Блиц“, двојката раскинала бидејќи повеќе немале исти погледи кон иднината.
Имено, за разделбата разликата во годините одиграла значајна улога, а како што кажа извор близок до нив двајца, на младиот продуцент помеѓу останатото му пречело тоа што пејачката немала фокус на врската и сè повеќе навлегувала во инфлуенсерските води.
Да потсетиме, таа во 2019 година првпат објави дека е во врска со Милко,а медиумите потоа почнаа да пишуваат дека двојката живее заедно, меѓутоа дека работите не се најдобри покажа и тоа што за нејзиниот роденден, кој беше на 29 октомври, Јовановиќ не објави заеднички фотографии со некогашниот партнер.
Пејачката потоа беше „уловена“ на вечера со танчерот Жига Сотлар, а како што се наведува, тие се фотографирани во еден ресторан на Дорчол каде се гледа дека биле видно расположение, за целото време се смешкале, а потоа во неколку наврати размениле и нежности.
Дали ова е вистина или не останува да видиме, а пејачката по овој повод уште се нема огласено.