Откријте ја моќта на медитеранската исхрана
Медитеранскиот начин на исхрана важи за еден од најздравите којшто позитивно влијае врз квалитетот на нашиот живот. Бројни истражувања говорат дека токму медитеранската исхрана овозможува подолг и поквалитетен живот, поздраво срце, заштитува од дијабетес тип 2 и поттикнува нормална функција на дигестивниот систем.
Основата на оваа исхрана се состои од овошје, зеленчук, житарки, јаткасти плодови, грчки јогурт и квалитетни млечни производи, риба и морска храна. Во летниот период е идеална за консумирање затоа што истовремено го подобрува здравјето и помага во намалување или пак, во одржување на телесната тежина.
Како дел од менито на традиционалната медитеранска исхрана, грчкиот јогурт игра голема улога во забрзување на метаболизмот и зајакнување на имунитетот. Овој тип на јогурт е богат со протеини, калциум, калиум, витамините Б6 и Б12 - со важни хранливи материи што всушност се и суштината на медитеранската исхрана.
Нутриционистите посочуваат дека грчкиот јогурт има значајни придобивки по здравјето, го стимулира варењето, помага во одржувањето на здрави коски и заби, го намалува крвниот притисок и штити од болести.
Грчкиот јогурт е здрав и вкусен млечен производ којшто во последниот период станува сѐ повеќе популарен кај младите и возрасните лица. Може да се комбинира со различна храна и со секој оброк - за појадок, ужина, ручек или вечера. Редовното консумирање на грчки јогурт во медитеранската исхрана воспоставува рамнотежа во организмот и благотворно делува на психичкото здравје.
На пазарот се достапни производи од овој тип, во практично пакување од три големини – 150 гр, 400 гр и 700 гр на брендот Грекос. Кремастиот и богат вкус на Грекос е совршен избор за збогатување на секој појадок, ужина или вечера. Може да се консумира самостојно - за вистинско кремасто задоволство, или да се комбинира со овошје, јаткасти плодови и житарки, како и да се користи за вкусни креми, десерти и ужини. Грекос е практичен за ужина во сите прилики, како и за правење интересни рецепти.
Летово направете позитивна промена и откријте ја моќта на медитеранската исхрана!
ПР објава