Отровната врска во филмот „After“ мета на критичарите: Што вели главниот актер?

Отровната врска во филмот „After“ мета на критичарите: Што вели главниот актер?

Објавена во: Stars // Филм

Херо Фајнс Тифин кажа нешто по овој повод...

Серијалот филмови „After“, по книгата, предизвика огромно внимание кај јавноста, особено по вториот дел, „After: We Collided“.

И додека филмот наидува на аплаузи од задоволните обожаватели, дел од јавноста го осуди приказот на отровната врска помеѓу главните ликови, Хардин и Теса.

Главниот актер Херо Фајнс Тифин сега застана во одбрана на ликот кој го игра, но и филмската франшиза.

„Луѓето не критикуваат, бидејќи наводно промовираме отровна врска, но морам да наглсат дека ова е индустрија за забава. Ова не е правилник како луѓето би требало да се однесуваат“ - рече тој за EW.


„Мислам дека луѓето ги забавува односот на Хардин и Теса, бидејќи не сакаат тие да бидат во токсичен однос, па навиваат за нив, се обидуваат да им помогнат да се борат против тоа“ - додаде.

„Многу филмови ги избегнуваат овие теми само поради критиките, бидејќи се случува луѓето да ве критикуваат поради токсичните односи во филмот.“

„Реалност е дека таквите работи, за жал, постојат и да, доколку нешто во врската не оди, тогаш можеби не би требало да бидете во врска. Ова е сложена тема, но затоа е добро да се зборува за неа“ - објасни тој и заклучи:

„На крајот ќе дознаеме дали тие двајца ќе успеат да одржат врска, како ќе успеат во тоа или поради што не успеале.“


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: