Ова девојче било во кал кога фотографот ги забележал нејзините последни моменти: Храбро и достоинствено се соочила со смртта

Ова девојче било во кал кога фотографот ги забележал нејзините последни моменти: Храбро и достоинствено се соочила со смртта

Објавена во: Совети // Семејство

Френк Фурниер, кој ја фотографирал Омајра Санчез по разорната вулканска ерупција, подоцна се присети дека се чувствувал потполно беспомошно пред ова девојче, кое храбро и достоинствено се соочило со смртта.

Во ноември 1985 година, градот Армеро во Колумбија бил поплавен од масивно количество на кал, предизвикана од ерупцијата на блискиот вулкан. Лахар е порој од кал, тиња, пирокластични материјали, камења и вода, а тече по вулканската ерупција по рутата по која најлесно може да помине. Спасувачките напори биле залудни и по три дена заробена до половината во кал, девојчето починало.

Францускиот фотограф Френк Фурниер, кој останал со девојчето додека не го земало последниот здив, го забележал нејзиното страшно страдање од кое никој не можел да го спаси.

Откако лахарот го срушил домот во кој живеела, Омајра останала окована под урнатините на нејзината куќа, каде останала заробена три дена. По 60 часа агонија, таа починала од гангрена и хипотермија.

Фотографијата на репортерот Френк Фурниер добила награда „World Press Photo“ за 1986 година. Како што објасни самиот Френк, чувствувал дека приказната за беспомошноста на голем број луѓе кои можеле да стојат само со часови покрај малата Омајра морала да го заобиколи светот. Многу фотографии,но и видеа предизвикаа бројни контроверзии и потресоа, бидејќи ова е последната фотографија од исцрпеноста на девојчето пред самата смрт.

фото: Profimedia

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: