Ова е буквално остварување на мојот сон: Мајката на Бијонсе го гледа настапот на Ања Ветерова (ВИДЕО)

Ова е буквално остварување на мојот сон: Мајката на Бијонсе го гледа настапот на Ања Ветерова (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Дека Македонија е земја на таленти за кои надалеку се слуша докажа младата пејачка Ања Ветерова...

Имено, откако ја објави и промовираше новата песна „За петама“, која беше наменета за српскиот пазар, Ања се врати во Соединетите Американски Држави, каде што е студент на Универзитетот Беркли. Во неодамнешното интервју за Хаштаг Ања откри дека освен што ќе се посвети на завршувањето на последниот семестар, планира 100 проценти да се посвети на проектот BERKLEE BEYONCE ENSEMBLE.

„Ова ми е последен семестар, во мај ќе дипломирам на Berklee College of Music еден убав дел од мојот живот, период каде што живеев , растев и созревав музички. Успеав да остварам уште еден мој сон, да работам со професорката Tia Fuller (номинирана за Grammy - за најдобар Jazz инструментален албум и која има свирено со Beyonce на една од нејзините турнеји и на нејзините албуми) да го создадеме BERKLEE BEYONCE ENSEMBLE во кој ќе се најде репертоарот со песни од нејзиниот настап на фестивалот Coachella. Идејата за истиот е моја и јас сум креативен директор, главна во продукцискиот тим и вокалист. Во ансамблот учествуваат околу 80 студенти, завршните концерти ќе бидат на 15-ти и 16-ти Април во најголемата концертна сала на Беркли. За овој проект се снима и документарец се надеваме дека истиот ќе биде прифатен од NETFLIX .“

Вчера, токму со BERKLEE BEYONCE ENSEMBLE го имаа свечениот настап, каде го презентираа она што го имаа сработено во изминатиот период, и токму тој настап го проследи и мајката на Бијонсе. За ова Ања ги извести своите следбеници на Инстаграм, не криејќи дека ова за неа е остварување на сон.

„Ова е буквално остварување на мојот сон. Мајката на кралицата го гледа мојот настап. Ви благодарам г-ѓо Тина“ - напиша Ања покрај видеото на кое се гледа реакцијата на мајката на Бијонсе за настапот на нашата пејачка.


Овој успех на Ања го пофали и пејачката Елена Ристеска, која не криеше колку е горда.

„Верував во тебе и твојот талент уште кога имаше 4 години. Знаев дека ќе „убиеш“ години подоцна... Ања моја, горда сум на тебе“.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: