Ова е ќерката на Даниел Крег: Погледнете колку личи на својот славен татко

Ова е ќерката на Даниел Крег: Погледнете колку личи на својот славен татко

Објавена во: Мода // Moj стил

Најчесто децата на познатите ги земаат најубавите црти од своите родители, а некои толку многу си наликуваат, што сури изгледа како да е нереално. Таков е случајот со ќерката на Џејмс Бонд односно актерот Даниел Крег.

Тој за прв пат во јавноста се појави со една од најважните жени во својот живот која ретко ја гледаме.

Ќерката Ела Лудонкоја ја има од брајот со поранешната сопруга Фиона Лудон. Крег ја донесе и заедно со неа прошета на црвениот килим по повод забавата по премиерата на новиот Џејмс Бонд.

Ела е најстарата ќерка на Даниел, која ја доби со својата поранешна сопруга Фиона Лудон, а за премиерата на новиот филм на нејзиниот татко таа избра елегантна комбинација која беше во склад со онаа што ја носеше. Бела кошула, црн костум и широки црни панталони ја нагласија нејзината линија, вклучувајќи високи потпетици кои таа одлично ги спои во целиот стил.

Ќерката на Крег и самата е актерка во подем, но таа ретко се појавува во јавност со својот татко, па многумина беа изненадени кога се појави на премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд.

Познатиот актер застана пред олтарот со нејзината мајка Фиона во 1992 година, но по две години брак, парот сфати дека не се едни за други и се разведоа.
Меѓу другото, актерот Даниел Крег, 53-годишна sвезда на Џејмс Бонд, ќе ја добие својата ѕвезда на Холивудската патека на славните, туристичка атракција во Лос Анџелес, беше објавено.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: