Ова е крајот, Меган пресече: Посочи дека во прашање е нејзиниот личен избор

Ова е крајот, Меган пресече: Посочи дека во прашање е нејзиниот личен избор

Објавена во: Живот // Живот

Хари и Меган сега живеат во Јужна Калифорнија...

Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл, војвотката од Сасекс, изјави дека нема профили на социјалните мрежи и дека не е запознаена со тоа што се пишува за неа на Интернет, јавува Ројтерс.

Меган Маркл на самитот „Најмоќните жени на новата генерација“, кој го организираше магазинот „Форчун“, рече дека проади сопствена желба веќе подолго време не е на социјалните мрежи.

Таа кажа дека е нејзин личен избор да нема профил на ниту една социјална мрежа, дека не знае што се пишува за неа на Интернет и дека тоа било од голема помош за неа на повеќе начини.

Војвотката кажа дека таа го деактивирала својот личен профил пред неколку години и дека принцот Хари сега го деактивирал нивните заеднички официјални профили на Инстаграм и Твитер.

Меган Маркл веќе со месеци ја води кампањата против негативните ефекти од социјалните мрежи. Таа со својот сопруг, принцот Хари, порано оваа година ја напушти Велика Британија, делумно поради непријателско настроените медиуми.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: