Ова е најтврдоглавото куче на светот: Сѐ мора да биде по негово и секогаш успева да го добие она што го сака
Во продолжение е листата од 10 непослушни раси на кучиња, чии членови секогаш сакаат да биде сѐ по нивно:
# Бигл
Симпатичен и независен, биглот ќе најде забава каде било доколку го оставите сам. Проблемите може да настанат ако сопственикот е премногу рамнодушен и не посветува доволно внимание на дресирањето на своето куче и ако не знае какво големо карактерно битие се крие во малото тело на биглот.
# Англиски булдог
Станува збор за интелигентна раса чии членови може да бидат навистина тврдоглави, доколку сопственикот не е доволно решителен. Англискиот булдог мора да го почитува сопственикот, зошто доколку не постои, тој целосно ќе ја игнорира секоја негова наредба.
# Дакел
Големо куче во мало пакување - ова е најдобриот опис за темпераментниот и многу тврдоглав дакел. Прилично се независни и своеглави, никогаш не се плашат да се фатат во коштец и со пет пати поголеми кучиња, само поради тоа што мислат дека го можат тоа.
# Џек Расел териер
Непослушниот и палав Џек Расел териер лесно ќе започне судир со волјата на неговиот сопственик доколку забележи дека е неодлучен. Овие кучиња се паметни и енергични.
# Ротвајлер
Ова силно куче може да биде прекрасен домашен миленик, но само со искусен сопственик и добро дресирање без отстапки. Доколку изостане дисциплината, ротвајлерот може да почне да се однесува како водач и тогаш дури покажува и агресија.
# Аргетинска дога
Уште една раса која не е за недоследни и попустливи сопственици. Аргетинската дога е независна раса за која е потребна цврста рака и многу движење за да ја потроши енергијата и да не изнајде начини за самостојно да се забавува, бидејќи од тој вид на забава може да произлезе само штета.
# Шар - пеј
Тврдоглавоста е главна карактеристика и на овие кучиња. Шар - пејот може да биде лојално семејно куче, но сопственикот ќе мора да ја заработи наклонетоста кон ова слатко суштество.
# Авганистански хрт
Наводно е една од најстарите раси на кучиња и е познат по својот не толку дружељубив однос. На ова величенствено куче му треба сопственик кој ќе ја разбира неговиот по малку арогантен карактер и потреба за доминација.
# Шкотски териер
Овој мал влакнест човек првенствено се грижи за својот сопственик и не се грижи премногу за луѓето надвор од неговиот тесен круг. Таа една личност која е приврзана мора да знае како да се однесува со ова куче.
# Вајмарски птичар
На исклучително интелигентниот вајмарски птичар му е потребен сопственик кој ќе знае како да се справи со неговата изостреност и потреба од редовна цврста и забавна обука. Доколку не успее, вајмарскиот птичар ќе покаже колку е тврдоглав и слободен.