Ова е повеќе од кражба, ова е војна: Експлозивна најава за петтата сезона на „La Casa De Papel“
Акција нема да недостасува...
Оваа година ќе ја гледаме петтата сезона од хит серијата „La Casa De Papel“, а како што најавуваат странските медиуми, ќе биде највозбудлива од сите досега. На Јутјуб каналот на платформата Нетфликс, на која се емитува ова остварување, објавена е експлозивна најава.
Оваа сезона ќе биде поделена во два дела - првиот ќе излезе на 3 септември, а вториот на 3 декември оваа година.
„Ова е повеќе од кражба. Ова е војна“ - напишаа од Нетфликс на социјалните мрежи, со најавата за новата сезона.
Секако, тука е и трејлерот: