Ова е Северин, синот на Индира Радиќ: Се занимава со професија која е многу блиска со онаа на неговата мајка (ФОТО)
Синот на пејачката Индира Радиќ е исто така уметник и неговата професија е многу блиска со професијата на неговата мајка...
Познатата пејачка Индира Радиќ веќе со години се вбројува во најквалитетните пејачки на нашите простори. Кариерата ја започна пред повеќе од три децении во познатиот „Јужен ветар“, а нејзините хитови се помеѓу најбараните на многу прослави.
Индира во последно време одлучи малку да се одмори од сето она што ги следи популарните уметници, па така немавме можност да ја гледаме многу во медиумите.
„Се изморив, долго сум на естрадата и можеби затоа ме нема толку во јавноста. Барам некој свој мир и уживам во тоа, убаво ми е. Луѓето често ме прашуваат зошто повеќе не се појавувам во медиумите, а јас само им објаснувам дека не е добро кога излегувате од фрижидер. Мислам дека многу работи поминав низ својата кариера и дека сега треба да водам некој поинаков начин на живот“ - кажа неодамна Радовиќ.
Индира и кога е присутна во медумите, генерално својот приватен живот не го експонира премногу. Затоа и не е многу познато дека има син од околу 30 години.
Синот на Индира се вика Северин и го родила додека била во брак со маж чиј идентитет го нема откриено. Нејзиниот тогашен сопруг во еден момент самоиницијативно, без знаења на пејачката, го однел Северин во Босна.
Индира и нејзиниот тогашен сопруг подоцна имале судење во Босна и Херцеговина, по кое синот ѝ бил вратен на мајката.
Од тогаш, Северин живее со Индира и нема обичај да се експонира јавно. Меѓутоа, познато е дека и тој е во уметничките води. Не тргнал по стапките на својата мајка, но затоа се занимава со нешто што е многу блиско со нејзината професија.
Имено, тој е автор на сите песни на еден од албумите на Индира, кој носи назив „Нико није савршен“.
фото: Принтскрин / Инстаграм