Ова е строго забрането: Шест работи кои никогаш не смееш да ги правиш по прекинување на врска
Само ќе ја влошиш ситуацијата доколку го правиш ова...
Иако со задоволство би се затворила во соба на неколку недели и само би плачела или би го изела секое благо кое го имаш во домот, тоа не би требало да го правиш. Постојат 6 работи кои сите сакаме да ги правиме по прекинувањето на врската, но не би требало, бидејќи тоа не помага, туку само ги отежнува работите.
# Да се обидеш да останеш во контакт со поранешното момче
Не, не и едноставно не. Иако во тој моментот тоа ќе ти изгледа како помалку болна опција, бидејќи сепак е тешко да избришеш од животот некој со кој си се слушала секој ден и кој често го гледаш, но останувањето во контакт нема да ти помогне. Поради тоа ќе ти треба уште долго време да ја преболиш поранешната љубов. Некои и потајно ќе се надеваат дека ќе успеат да го променат мислењето на поранешното момче или дека по некое време работите самите од себе ќе се вратат на старо. Но, тоа во 99% од случаите не се случува. Постојат ситуации кога не можете да го избегнете поранешното момче, бидејќи се дружите со исти луѓе или одите на исти места, но за почеток, би требало да држите дистанца што е можно. Треба да помине време, да заздрави скршеното срце и дури тогаш можеш да почнеш да размислуваш за тоа да пробате да бидете пријатели.
# Предолго си во фазата на сожалување
Поминати се месеци, но тебе и понатаму не ти се излегува, не ти се дружи и не ти се прават нормални работи што си ги правела порано, но тоа не би смеела да си го дозволиш. Во ред е да си земеш некој краток период кога ќе се затвориш во соба, ќе ја слушаш Адел, ќе гледаш романтични филмови, ќе јадеш сладолед и чоколади, но не дозволувај тоа да трае со месеци. Секоја врска е поинаква, а зависи од тоа колку долго траела и колку се луда по таа личност, зависи и колку ќе трае твојата фаза на жалење. Нема правила кои одредуваа кој временски рок е во ред, но некој период кој се препорачува е еден сец. Откако тоа време ќе помине, треба да продолжиш понатаму. За почеток полека, но важно е да се започне.
# Правиш работи кои се нетипични за тебе
Некој ти го скршил срцето и сега имаш потреба да направи сѐ што си пропуштила додека сте биле заедно или само сакаш да правиш луди работи - бидејќи едноставно можеш. Не би требало. Особено денес кога имаме потреба сѐ да ставиме на социјалните мрежи. Можеби ти немаш да споделиш, но може некој друг да го направи тоа. И тоа ќе те прогонува и подоцна. Да претераш со било што не е здраво, иако тоа можеби сакаш да го направиш сега. Мислиш дека ќе се чувствуваш подобро доколку изнакупиш работи? Или доколку направиш нешто со секое момче кое ќе го запознаеш? Да објавиш некоја скандалозна фотографија на Инстаграм? На кратко ќе сакаш, но подоцна ќе се зажалиш, а последиците ќе останат.
# Веднаш започнуваш нова врска
Сакаш да ја потполниш празнинатата која ти остана и мислиш дека ќе ти биде подобро доколку веднаш почнеш да се гледаш со некој нов. Но, ќе помогне ли тоа? Само затоа што се плашиш да бидеш сама и сакаш времето да го посветиш на некој друг за да не мислиш на поранешното момче, не е добра причина за веднаш да влезеш во нова врска. таа врска нема да заврши добро и на крајот некој ќе остане повреден.
# Или друга крајност: да се откажеш од врските засекогаш
Мислеше дека ти и тој ќе останете засекогаш заедно, дека тој е оној вистинскиот - и потоа раскинавте. И што сега? Некои мислат дека никогаш нема да најдат некој нов, некој ќе биде доволно добар како што бил поранешниот или дека е невозможно некој да ги сака. Тоа се размислувања кои што мора да ги тргнеш од главата. Вистина е дека не постои една совршена личност на светот за тебе, има повеќе, а нема таа друга личност да ја најдеш доколку размислуваш негативно. Кога некој не остава тоа може да биде лошо за нашата самодоверба, но затоа се тука пријателите кои треба да ги слушаш кога ти велат дека сѐ ќе биде добро, дека не си грда ниту здодевна личност, дека поранешниот е кретен, бидејќи тоа не го видел и ценел.
# Зборуваш лошо за поранешното момче
Еден од начините да се избориш со разделбата, а кој многу луѓе го препочитаат е зборувањето на лоши работи за поранешното момче. Вака само во својата глава ќе го оправдаш тоа што тој те оставил или зошто ти си го оставила него. Иако тоа ќе ти ги одврати мислите од скршеното срце, нема да се чувствуваш подобро. Нема поради тоа полесно да го преболиш. Ова не е ниту убаво ниту корисно однесување и нема потреба да зборуваш лошо за него, особено да шириш лаги. Подобро сконцентрирај се на себе и на тоа да продолжиш понатаму на начин кој не вклучува ништо што има врска со него.