Ова е твојот хороскоп за СЕПТЕМВРИ: Што те очекува?
Овен
Грижете се повеќе за себе овој месец. Хранете се подобро и бидете поактивни. Чувствувајте се убаво, обрнете внимание на битните работи и не си создавајте имагинарни тегоби. Вложете напор во училишните обврски. Наместо вие да создавате можности, оставете можностите сами да дојдат. Љубовта е решението за сѐ овој месец. Дозволете нечија магија да си го направи своето и да биде лекот за да заздравите, затоа бидете желни да слушате. Може да ви се посреќи на крајот од месецот доколку изиграте паметно.
Најубави денови: 13, 20, 23
Најтешки денови: 5, 8
Бик
Некоја врска може привремено да се разниша или да се руши на почеток на месецот. Затоа не избрзувајте при донесување одлуки.Одвојте време само за себе, иако пријателите и роднините може да пробаат да се вмешаат. Веќе знаете што сакате, одете решително кон тоа. Желбата за популарност можеби ќе стане посериозна. Крајот на месецот е совршено време да започнете со диета или некоја дневна рутина. Дури и мала промена може многу да влијае врз вашиот напредок. Бидете среќни и моќни без да ги критикувате другите.
Најубави денови: 3, 12, 18
Најтешки денови: 6, 28
Близнаци
Време е да бидете поорганизирани и да усовршите неколку значајни работи во вашиот живот. Домашниот проблем или недоразбирање ќе се реши доколку му пристапите помудро и од друг агол. Тоа што на прв поглед ви изгледаше совршено и прекрасно, сега ќе си ги покаже слабите страни. Никогаш не е тешко да се провери по втор пат. Ви треба некое здраво, весело и интересно хоби. Вашето друштво може да има некои луди идеи за забава, но вам нема да ви се допаднат. Дружете се со попаметна група на луѓе и бидете трпеливи.
Најубави денови: 3, 15, 20
Најтешки денови: 6, 16
Рак
Бидете поопуштени и дружете се повеќе со вашите пријатели и соседи. Дури и наједноставната игра може да биде забавна. Искористете ја есента максимално, шетајте и забавувајте се. Нема потреба да се преоптоварувате, вашето семејство знае дека се грижите за нив. Конечно завршете ја обврската што ја одложувате веќе подолго време и ќе се чувствувате исполнети, задоволни и горди сами на себе.
Најубави денови: 4, 23, 29
Најтешки денови: 8, 25
Лав
Летото можеби заврши, но сѐ уште има време за забавни активности со пријателите, како забава кај некого дома, или пак прошетка во парк. Ќе ја дознаете вистината за дилемата што ве мачи веќе подолго време. Вашите претпоставки ќе испаднат точни.Нови познанства може да доведат до нова љубов. Верувајте во вашите способности и не се потценувајте.
Најубави денови: 13, 20, 27
Најтешки денови: 6, 15
Девица
Насочете го вниманието на тие омилени, но малку запоставени нешта кои ќе ви го разубават животот. Вашата самодоверба и позитивно размислување ќе ви помогне околу проблемите на училиште.Месецов посветете повеќе време на социјалниот живот. Секојдневието може да ви се подобри, а вие сепак да останете организирани.Вашите први впечатоци за нештата се точни, верувајте им на вашите инстинкти повеќе отколку на паметот.
Најубави денови: 3, 16, 23
Најтешки денови: 21, 30
Вага
Ќе бидете доста комуникативни овој месец, бидејќи знаете што сакате и ќе го добиете тоа. Не се откажувајте од потрагата по љубов. Уживајте во животот повеќе, одете на шетање некој викенд или организирајте кул дружба со вашите најблиски.Таа врска што ви делуваше дека е размрдана, кон крајот на месецот може да се соочи со поголем предизвик.
Најубави денови: 8, 13, 17
Најтешки денови: 1, 19
Шкорпија
Иако ви изгледа дека нема да се справите со сите тие задачи и проекти, вашата смиреност и организираност велат друго.Ќе бидете нечие рамо за плачење. Може да е само другарката или другарот кој е далеку и многу ви фали. Запомнете дека некогаш е доволно само да ислушате некого, иако не можете да помогнете на друг начин.Ви фали малку возбуда и забава во животот. Запомнете да правите паузи и да не се исцрпувате.
Најубави денови: 2, 10, 27
Најтешки денови: 3, 8
Стрелец
Имајте самодоверба и бидете реални за работите што се случуваат околу вас, но пред сè бидете искрени. Многу луѓе веќе ве сметаат за лидер.Треба да ја ставите под контрола ситуацијата што е готова да експлодира. Знаете како да се справувате со луѓе, а тоа ќе ви помогне во овој случај. Ако сè е под контрола, опуштете се и посветете внимание на учењето.Полната месечина може да донесе љубовни проблеми, но сето тоа може да се среди ако сте трпеливи и знаете да простувате.
Најубави денови: 9, 15, 24
Најтешки денови: 3, 22
Јарец
Загрејте го столчето и добро спремете се за проектот кој го одложувате веќе подолго време. Работите нема да се научат сами. Вложете труд и бидете упорни, ќе се исплати.Не премолчувајте го тоа што го мислите, особено ако сте испровоцирани. Можеби некој ќе се навреди, но тоа не е ваша вина.Ќе имате потреба да ја искажете вашата љубов кон некого. Еден бакнеж и прегратка се доволни за да му разубавите ден некому.
Најубави денови: 8, 15, 29
Најтешки денови: 11, 23
Водолија
Периодов ќе изгледа како вие да сте единствената возрасна личност која размислува разумно, дома или со друштвото.Време е за забава, но не и за вистинска љубов. Нахранете си ја душата со нова музика, нова храна, па дури и ново патување со личност сродна на вас.Ако се појави некое недоразбирање, најверојатно ќе биде за нешто небитно и ќе исчезне за два-три дена.
Најубави денови: 4, 17, 26
Најтешки денови: 9, 21
Риби
Ако досега бевте збунети, сето тоа ќе се разјасни овој месец. Постои шанса да бидете заедно со тоа слатко момче или девојка со која си разменувате погледи на училиште.Морате емоционално да се оддалечите од сите стресни ситуации и да си посветите повеќе време на себе. Некогаш мора да научите да им кажете збогум на негативните луѓе во вашиот живот.
Најубави денови: 5, 21, 24
Најтешки денови: 15, 28