Ова е вистински Дедо Мраз: Научил знаковен јазик и воодушевил глуво девојче

Ова е вистински Дедо Мраз: Научил знаковен јазик и воодушевил глуво девојче

Објавена во: Совети // Семејство

Благодарение на малиот напор на овој Дедо Мраз, Седи Адамс, за прв пат во својот живот, можеше, како и другите деца, да му каже директно што сака да ѝ остави под елката...

Она што сите го паметиме од детството за Дедо Мраз е моментот кога седиме во неговиот скут и тој нè прашува дали сме добри оваа година. Сите ние секогаш одговараме позитивно и едвај го чекаме на вистинското прашање: „А што би сакал/а да ти донесам за Нова Година“? За жал, глувите деца никогаш нема да имаат такви спомени. Барем не повеќето. Како и да е, како во вистинска бајка, во која Дедо Мраз зборува и ги разбира сите светски јазици, седиот дедо на кое му седеше малата Седи Адамс во скутот, најде начин да ја натера да се чувствува како сите други деца.

Почнал да комуницира со неа на знаковен јазик и ѝ дал ентузијазам кој долго ќе го памети. За прв пат во животот, Дедо Мраз зборуваше јазик што можеше да го разбере и не ѝ требаше преведувач. Таа беше во можност да комуницира директно со дедото што ги исполнува желбите.

„Буквално се закочи и го погледна директно во очи неколку моменти. Не можеше да поверува, а јас едвај можев да ги контролирам солзите од среќа поради нејзината радост“ - објасни Ронел Адамс, мајката на девојчето.


Шефот на полицијата во малиот град Вестминстер во Масачусетс, веќе 15 години ја игра улогата на локален Дедо Мраз и се обидува да израдува неколку илјади деца.

„Најпрво беше во шок и стоеше мирно, без да се помрдне. Очите и светнаа и ги отвори широко. Само што се опорави од шокот, сакаше да најде кујна и бебе под елката“ - објасни Салваторе Алберт, полицаец и Дедо Мраз.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: