Ова е згодниот татко на Дуа Липа: Инстаграм „гори“ по него, го нарекуваат „Клуни“ и „неостварена желба“
Една од најпопуларните пејачки на денешницата, Дуа Липа, покрај своите хитови, воодушевува и со својата убавина. Но, младата Албанка не е единствената ѕвезда во семејството, а откривме и од кого ја наследила убавината.
Откако почна да го објавува својот татко на Инстаграм, тој стана вистински хит на социјалните мрежи и „неостварена желба“ меѓу жените.
Дукаѓин Липа- таткото на Дуа, доаѓа од Косово, а многумина го нарекуваат „Клуни“.
Дукаѓин беше член на популарната косовска рок група „Ода“, па токму тој е најголемата причина зошто Дуа ја засакала музиката.
Покрај Дуа, тој има уште две деца со сопругата Анеса.
А овој згоден татко има и преку 240.000 фанови на Инстаграм, па на својот профил најмногу внимание посветува на својата Дуа на чиј успех секојдневно се радува и го поддржува.
Дуа Липа е родена во Лондон во 1995 година, но нејзиното семејство ја напуштило Приштина во 90-тите.
Во одлично интервју за британскиот „Гардијан“, Дуа еднаш откри повеќе детали за нејзиното семејство и настаните што му претходеле на заминувањето на нејзините родители во Англија. Заканата за војна на Косово ги принудило родителите на Дуа да бараат среќа во Лондон во 1992 година.
Мајка ѝ, Анеса е Босанка по мајка, а таткото на Дуа Липа е син на историчарот Сеит Липа, некогашен директор на Институтот за историја на Косово. По пристигнувањето во Лондон, таткото на Дуа сакал да стане стоматолог, но при пристигнувањето во големиот град тие прво работеле како келнери во разни кафулиња и барови. Сакајќи да обезбедат посветла иднина за Дуа, нејзиниот брат и нејзината сестра, татко им навечер присуствувал на курсеви, а мајка им се преквалификувала за работни места во туризмот и патувања.
- Додека одев на училиште, тие исто така, повторно одеа на училиште - рече Липа, чиј татко, Дукаѓин дипломираше кога таа наполни 11 години. Тогаш на таткото му била понудена работа во Приштина, па семејството се вратило во Косово.
- Татко ми секогаш вели дека е неопходно да се работи напорно, да се работи навистина напорно и да се има малку среќа. Така што верувам во тоа, но верувам и во цврсти гени - рече таа.