Ова го можат само Кардашијан: 9 ситуации кога нивните сандали го преплавија Интернетот
Нема драма моја може да се мери со онаа на Кардашијан...
Кога во семејството Кардашијан - Џенер се случува некоја драма, целиот свет е вовлечен во неа, намерно или не. Иако има такви и кои не се замараат со ова семејство, сепак на крајот сите следат и сакаат да знаат што ќе се случува понатаму.
Светот во кој ги нема драмите на Кардашијан би бил здодевен. Ова семејство толку многу нѐ забавува со своите драми, со кои на себе дополнително си ја крева популарноста. Драмите за нивниот свет се нешто нормално, но понекогаш се појавува и некој скандал кој е прилично сериозен и за кој се зборува со месеци. Овие 9 дефинитивно беа најшокантни и најдраматични и ги поминаа сите граници:
# Клои и Тристан го очекуваат второто дете
Најновата вест која прерасна во скандал е дека Клои и Тристан го очекуваат второто заедничко дете. На некој кој не е упатен, ова ќе му звучи како нешто нормално, но сите оние кои го следат ова семејство, сигурно добро знаат дека Тристан веќе неколку пати досега ја изневери Клои, дури и додека беше бремена со нивното прво дете! И сега, по сите неверства, повторно се одлучила да има дете со него.
# Кајли Џенер која ја криеше целата своја бременост со првото дете
Кога беше бремена со Сторми, Кајли тоа го криеше како најголема светска тајна. Обожавателите се сомневаа дека нешто не е како што треба, бидејќи во тој период поретко објавуваше на Инстаграм, но кога објави видео, светот дозна дека се породила, без никогаш да објави дека е бремена. Тоа дефинитивно беше момент за памење, кога се во прашање скандалите во светот на Кардашијан.
# Разводот на Ким и Канје
Изгледаше дека ќе траат засекогаш, а потоа по 7 години брак објавија дека се разведуваат, и тоа изненадно, без никој да очекува, бидејќи помеѓу нив изгледаше дека работите се во ред. И потоа како шлаг на торта, веднаш по разводот, Ким почна врска со момче со кое никој никогаш не би ја споил - Пит Дејвидсон.
# Бракот од 72 дена на Ким Кардашијан
Уште еден брал на Ким кој беше во центарот на вниманието. Беше полни 72 дена во брак со Крис Хемфрис. Не се имаа освестено од венчавката, а веќе објавија дека се разведуваат. Особено доколку се земе во предвид дека имаа голема и спектакуларна венчавка, како и дека со години беа заедно.
# Брус Џенер и промената на полот
Кога Брус објави дека станува Кејтлин, тоа дефинитивно беше голем момент. За некои тоа беше океј, за некои не, но на него (неа) нешто многу важно. Иако некои кажаа дека знаците биле видливи, сепак на крајот сите беа шокирани.
# Ким во фустанот на Мерлин Монро на Мет Гала
Најновата драма е Ким и нејзиното брзо и нездраво слабеење - само за да влезе во фустан. И тоа не било каков, туку оригиналниот фустан кој го носеше и легендарната Мерлин Монро. Истиот тој фустан, кој се чуваше со години, оваа година го изнајми Ким за Мет Гала. На некои им пречеше што воопшто ѝ било дозволено да го носи, други само беа вознемирени што промовира нездрави диети, но во секој случај сите зборуваа за тоа со недели.
# Кога ја ограбија Ким во Париз
Пред шест години, поточно во 2016 година, Ким беше ограбена. Додека престојувала во Париз, крадци влегле во нејзината хотелска соба, ја држеле на нишан и ѝ украле накит во вредност од 20 милиони долари! За Ким ова беше страшно искуство, за светот уште една драма. Ким знае да се наврати на овој инцидент и често споменува колку ѝ го променил животот.
# Бакнежот на најдобрата другарка на Кајли и сопругот на Клои
Оној сопруг на Кои, кој порано споменавме дека ја изневерува, е тој, помеѓу останатото се бакнуваше со најдобрата пријателка на Кајли, Џордин Вудс. Дотогаш Кајли и Џордин беа најдобри пријателки и секаде одеа заедно и постојано беа заедно, но од тој момент, Кајли стави крај на тоа пријателство. Тој бакнеж скапо ја чинеше Џордин, а за него се зборуваше многу долго. Барем доби 5 минути популарност!
# Кајли Џенер и лагата околу богатството
Најпрво беше прогласена за најмлада самосоздадена милијардерка, а потоа се испостави дека воопшто не е милијардерка и дека всушност тоа ги создала парите сама. Крис лажела за тоа колку е богата Кајли, само за да ја добие оваа титула, но кога експертите го провериле тоа, работите не испаднале баш онакви какви што ги презентирале Кардашијан и сепак титулата ѝ беше одземена.
фото: Принтскрин / Инстаграм