Ова го прави и Бела Хадид: Девојките тврдат дека среде шминкањето треба лицето да се потопи во студена вода

Ова го прави и Бела Хадид: Девојките тврдат дека среде шминкањето треба лицето да се потопи во студена вода

Објавена во: Мода // Moj стил

И овој тренд стана вирален на ТикТок, а го пробуваат скоро сите...

Уште еден тринк кога е убавината во прашање стана тренд на ТикТок! Станува збор за „Џемсу“ која гарантира постојаност на шминката преку ден, но и дека шминката на лицето на тој начин изгледа посвежа и поприродна. Овој трик за убавина потекнува од Кореа, а ги полуди корисниците на ТикТок кои се снимаат додека го пробуваат овој трик. Стана популарен пред неколку години кога го пофали Бела Хадид, а сега го фалат и сите други кои го пробуваат.

„Џемсу“ во превод од корејски значи „потопување“ а токму тоа е техниката која стана нов трнед на ТикТок! Станува збор за потување на лицето во сад со студена вода - таа постапка гарантира постојаност на шминката во текот на целиот ден, па го испробуваа и корисничките на ТикТок. Бела Хадид пред неколку години го пофали овој корејски тренд и спомена дека и самата го применува.

Како оди целата постапка, кога е овој трик во прашање, погледнете во видеата во продолжение:



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: