Ова не можеш да го промениш кога еднаш ќе го направиш: Како да знаеш дека е време за првиот секс и дали си подготвена?

Ова не можеш да го промениш кога еднаш ќе го направиш: Како да знаеш дека е време за првиот секс и дали си подготвена?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Кога е вистинското време за првиот секс?

Веројатно за некои е неудобна тема, но е многу важна и за неа е потребно да се зборува за секој на крајот да може да донесе најдобра одлука за која неколку години подоцна нема да зажали.

Првиот сексуален однос се смета за главен премин од адолесценцијата во зрелоста. Меѓутоа, денешното модерно време со себе донесе и модернизирани правила кои во овој случај го рушат некогашното „ништо пред брак“! Да се разбереме, сето тоа е нормално, бидејќи ова со себе го донесе денешницата, но важно е да се нагласи дека сериозните постапки со себе носат сериозни последици. Сигурно сте се прашале кога е вистинското време за првиот секс?

Ова прашање со години се протега во научните, но и помалку професионалните гранки за него се уште не постои конкретен одговор, туку само совети кои се темелат на индивидуалното ниво на секој поединец. Но, постои еден генерален одговор на ова прашање - зависи од тебе! Ти според своте години, гледишта и количина на зрелост можеби чувствуваш дека си подготвена и на 17, а некои и на 23 години се уште не се сигурни во себе, во својата зреност и подготвеност за прв сексуален однос. Меѓутоа, притисокот од околината, но и партнерот со кој ќе го имате првиот сексуален однос може да предизвика неудобност. Тука се повикуваме на фактот дека денез за некои е незамисливо кога некој ќе одлучи да има сексуален однос многу рано, но исто така е неприфатливо кога некој ќе одлучи да го направи тоа подоцна од другите. Токму поради тоа е попаметно таквите работи да се задржат за себе и да се избегне притисокот од околината. Покрај тоа, притисокот од страна на партнерот не смее да се игнорира.

Имено, спроведено е едно истражување, чии резултати беа повеќе од зачудувачки. Малку повеќе од 20% од средношколките потврдија дека нивните партнери ги убедувале да имаат сексуални односи, без оглед на тоа што тие не се чувствувале подготвени за тоа. Таквите работи се и повеќе од неприфатливи, затоа не дозволувајте никој да ве убедува да направите нешто што не сакате сами да го направите, бидејќи истото може да има огромни последци кои не се безопасни. Принудата да имате секс се смета за форма на насилство во врската, така што таквата врска не може да опстане ниту сега, ниту во понатомошниот живот. Кога ќе чувствувате потреба и емоционална способност за да имате прв сексуален однос - тогаш е вистинското време за вас, а не по препорака на некој друг околу вас!


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: