Ова никој не го очекуваше: Манескин го обработија хитот на Били Ајлиш
Популарната италијанска група Манескин, која победи на овогодинешната Евровизија, не престанува да изненадува со својата сестраност и талент. Имено, пејачот Дамиано Давид и неговиот бенд, кои се прославија со песната „Zitti E Buoni“, на светот му подарија уште една преработка, овој пат за песна на популарната пејачка Били Ајлиш. Нејзината песна „Bury A Friend“, која ја објави на почетокот на 2019 година и нејзиниот албум „When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“, ја вивна младата пејчка помеѓу најпознатите музички ѕвезди.
Познатите Италијанци, за време на викендот беа на белгискиот фестивал „Ronquière“, каде Дамиано во живо и на свој начин ја отпеа оваа песна, пренесува NME.
Ова не е првпат Манескин да прави преработки на популарни песни и да остави свој личен печат на нив. Нивните познати кавери на платформите Јутјуб и Спотифај бројат милионски прегледи. Снимија кавер за песната „Beggin“ која во оригинал ја пее групата Mаdcon. Овој кавер стана популарен и на социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок. Не смееме да го заборавиме каверот на „Lets Get It Started“ од групата Black Eyed Peas, која доби поинаков звук кога ја отпеа Дамиано. Се надевам дека оваа популарна италијанска група секогаш ќе не изненадува со новите песни, но и кавери со својот рок стил.